Зошто киноата треба веднаш да се најде на вашето мени?

Ако се обидувате да слабеете. една од намирниците што треба да ја додадете во вашата секојдневна исхрана е киноата.

„Киноата обично се смета за житарка, но таа е семе“, вели нутриционистот Роксана Ехсани. Киноата доаѓа во бела, црна или црвена боја, а Ехсани забележува дека сите варијанти обезбедуваат приближно иста хранлива вредност.

„Полна е со хранливи материи кои се добри за вас, како што се влакна, антиоксиданси, витамини и минерали. Содржи поголеми количини на манган, железо, фолна киселина, магнезиум, фосфор, калиум, Б6, бакар и рибофлавин“, вели таа.

Една шолја варена киноа има 222 калории, 8 грама протеини, 4 грама масти, 39 грама јаглени хидрати и 5 грама влакна.

Има многу влакна

Киноата содржи пет грама диетални влакна по чаша.

„Диетата богата со растителни влакна често е нешто што луѓето го занемаруваат кога се обидуваат да изгубат тежина. Конзумирањето доволно влакна ќе ви овозможи да се чувствувате сити, така што помала е веројатноста да прејадете и да грицкате помеѓу оброците“, вели Ехсани.

Нема многу калории, а богата е со протеини

Ги содржи и сите девет есенцијални аминокиселини, што ја прави целосен протеин.

„Ова е одлична вест за веганите и вегетаријанците“, вели Ехсани.

„Протеинот е важна компонента на секој оброк и ужина. Кога јадете протеини, вашето тело согорува калории, што може да помогне при губење на тежината. Исто така, обезбедува чувство на ситост бидејќи се вари многу побавно и може да го задржи шеќерот во крвта повеќе стабилен, што исто така помага да се држи гладот ​​под контрола“.

Добро оди со зеленчук и посно месо

„Во комбинација со посно месо и зеленчук, киноата го зголемува чувството на ситост“, вели Ехсани. „Следете ја оваа исхрана доследно и ќе ја изгубите несаканата тежина.“

Извор на манган

Киноата е полна со витамини и минерали, а содржи особено висока доза на манган.

„Манганот е есенцијална хранлива материја која го поддржува здравјето на коските, помага да се намали воспалението и ризикот од болести благодарение на неговата висока доза на антиоксиданси, а исто така игра важна улога во здравјето на хормоните, особено на тироидната жлезда“, вели Ехсани.

Се готви брзо и лесно

Уште еден плус за киноата - многу едноставно и брзо се подготвува.

„Можете едноставно да ја зачините со додавање сушени билки и зачини во водата за готвење или да ја готвите во супа од зеленчук или пилешко“, вели Ехсани.

„Можете да ја направите во слатка комбинација како каша за појадок со млеко и овошје.“

Remote video URL
реклама

Од вторник Земјата влегува во златно време на сончевите затемнувања

Read more

Помрачување на Сонцето на 17 февруари: Нов почеток за 4 хороскопски знаци

Read more

Катаклизмична бура ја разнесе Грција: Плажи се претворија во ровови, патишта и домови целосно уништени

Read more

Исчезнатиот Виктор Илиоски најден починат

Read more

Здравје

Зошто шведска болница бара донатори на измет?

Read more

Еден непопуларен зеленчук е „мелем“ за црниот дроб

Read more

Пиењето „шотови“ маслиново масло стана вирален хит: Дали навистина е добро за здравјето?

Read more

Зошто не треба да ги оставате гостите да ви шетаат низ дома со чевли?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Единствената сестра на Адолф Хитлер за која ретко се зборува

Читај повеќе

Како правилно да чувате зрна и мелено кафе?

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Паста е фаџоли на балкански начин

Читај повеќе

Како да се ослободите од жолтите дамки на душекот?

Читај повеќе

Европска земја подарува приватни острови, но има една „цака“

Читај повеќе

Работат 4 дена, петок се слободни, а продуктивноста е висока: Во Холандија знаат како

Читај повеќе

Зошто шведска болница бара донатори на измет?

Читај повеќе

6 правила за пари што богатите никогаш не ги кршат

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден непопуларен зеленчук е „мелем“ за црниот дроб

Читај повеќе