Зошто настинката сега ни се чини полоша отколку пред короната?

Носењето маски, одржувањето на хигиената, социјалното растојание и ограничувањето на собири за време на Ковид помогна да се намали ширењето на вирусот. Но, што значи овој повеќегодишен период на помала изложеност на инфекции за нашата имунолошка конституција?

За некои луѓе, симптомите на настинка може да изгледаат полоши од кога било досега.

Дали вирусите станаа посериозни?

Експертите велат дека вирусите на настинка не станале поштетни и посериозни отколку што беа пред пандемијата. Во моментов нема докази за ова. Сепак, постојат неколку причини зошто сега кога сте настинати, можеби мислите дека ви е полошо од кога било досега.

Зошто симптомите на настинка изгледаат полоши од порано?

Една од причините зошто симптомите на настинка може да изгледаат полоши е затоа што луѓето едноставно заборавиле како е да се настине, бидејќи во последните години не биле изложени на никакви инфекции. Симптомите на настинка вклучуваат кивање, кашлање, течење на носот, болки во телото, непријатност во градите и висока температура. Некои симптоми може да потраат и до 10 дена.

Помала изложеност на вируси

Помалата изложеност на вируси на настинка, исто така, може да игра улога. Луѓето кои не биле настинати подолго време нема да бидат премногу имуни на вируси, вели Питер Чин-Хонг, професор и специјалист за заразни болести на UCSF.

„Послабата изложеност на вируси со текот на времето може да направи настинката да изгледа полоша од порано бидејќи не сте биле изложени на неа долго време“, додаде тој.

Дали луѓето почесто настинуваат сега?

Поголема е веројатноста луѓето да настинат, со оглед на тоа што сега повеќе излегуваат и се дружат и не носат маски, како што беше случајот за време на пандемијата. Сепак, тоа што настинката ви изгледа полошо од порано може да има повеќе врска со вашиот мозок отколку со вашиот имунолошки систем, велат експертите. Можеби настинката ви изгледа полошо едноставно затоа што долго време не сте настинале.

Кои се најдобрите начини за лекување на настинка?

Одржувањето на хигиената, како што е честото миење раце и чистење на површините, може да помогне да се спречи ширењето на настинки. Исто така, многу е важно да внесувате доволно течност. Ако имате болки во грлото, гаргара со топла солена вода може да понуди олеснување.

Тагови
реклама

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе