Зошто не треба да броите калории?

Јадењето не треба да биде математички проблем, туку уживање и начин да водите здрав живот.

Нутриционистката Мишел Меј вели дека не треба да броите калории за да ослабите и објаснува на што треба да се фокусирате во напорите за намалување килограми.

„Не може да ги етикетираме намирниците само како добри или лоши, бидејќи ниту една храна не е само добра или лоша. Меѓутоа, тоа не нѐ спречува да ги проценуваме врз основа на тоа колку калории имаат“, вели Меј.

Кога некоја храна ја отфрламе како лоша врз основа на тоа колку калории има или колку шеќер содржи, се трудиме да ја одбегнуваме во исхраната.

„Поради тоа почнуваме да чувствуваме недостиг во органзмот, а тоа подоцна води до прејадување“, вели таа.

Нискокалорични грицки

Кога луѓето решаваат да слабеат, почнуваат да купуваат нискокалорична храна и грицки, што според Меј води кон исхрана што не содржи доволн хранливи состојки. Така јадете цел ден, а пак сте гладни.

Очигледно, не е паметно постојано нешто да грицкате ако сакате да слабеете, па дури и кога се во прашање грицки со малку калории.

„Проблемот е што оваа храна не ви помага да се ослободите од навиката да јадете и кога не сте гладни, а тоа е најчестиот проблем на луѓето со вишок килограми“, вели Меј.

Таа советува наместо да се преоптеретувате со бројот на калории, да јадете само кога сте гладни, без разлика колку калории ќе има тој оброк.

Заборавате да уживате во храната

Броењето калории го претвора јадењето во математички проблем, а јадењето е всушност комплексна психолошка, социјална и физичка активност. Броењето калории, мерењето порции и слично прават „да бидеме добри“, наместо да се чувствуваме добро.

Кога постојано сметате колку калории внесувате во оброкот, тоа ве спречува да уживате во храната и јадењето ви создава чувство на вина. Тоа ве оддалечува од главното сознание: храната е гориво за вашето тело и душа. Ако сте незадоволни и под стрес, тоа само ќе придонесе за зголемување на бројот на килограми, вели Меј.

Потребата за калории е различна

Броењето калории со цел да внесеме одреден број секој ден не е добар метод бидејќи телото нема исти потреби секој ден.

„Секој ден е различен и глупаво е да мислиме дека секој ден ни е потребен ист број на калории. Има денови кога сме поактивни, кога хормонските промени делуваат на апетитот, како и денови кога едноставно не ви се јаде. Најважно е да внимавате кога сте навистина гладни, а кога само јадете од досада или нервоза“, вели таа.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фит

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Read more

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе