Зошто поларната светлина деновиве се гледа сѐ до југот на Европа?

Бидејќи сме на врвот на сончевиот максимум, аурорите ќе бидат сè поинтензивни и забележливи дури на јужните краишта на Стариот континент.

Завчера жителите на Европа имаа можност да бидат сведоци на редок настан, од Шетландските Острови па сè до Италија, Словенија и Грција. Меѓу „привилегираните“ беа и жителите на Војводина кои на ноќното небо над себе можеа да видат црвена поларна аурора.

Научниците сега најавуваат дека ќе има уште слични настани во текот на следната година и дека ќе уживаме во светлосниот спектакл на поларната светлина, позната како аурора бореалис.

Врвот на сончевата активност се случува зимава

Сончевите циклуси траат околу 11 години, а при врвот на нивната активност се карактеризираат со голема количина коронална маса исфрлена во правец на Земјата. Судирајќи се со нашето магнетно поле, како конечен резултат на небото гледаме послаби или посилни аурори. За време на „сончевите максимуми“ тие се најинтензивни, а научниците предвидуваат дека тоа ќе се случи помеѓу јануари и октомври 2024 година.

Со други зборови, дури и во пониските поларни региони на југот на Европа, тие ќе бидат видливи благодарение на продолжениот поларен овал поради зголемената активност.

„Очекувам аурорите да бидат повидливи отколку во последните 20 години“, рече физичарот Њол Гулбрандсен од Геофизичката опсерваторија „Трумсе“ при Арктичкиот универзитет во Норвешка.

Најдобри региони за набљудување на поларната светлина се северните делови на Норвешка, Шведска и Финска, Исланд, Канада, севернииот дел на САД и јужениот дел на Гренланд.

Remote video URL
реклама

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе