Љубов и секс

Зошто постарите мажи се попривлечни за жените?

12. јули 2019 - 12:28 | Б.С.Б.

Многу жени одлучуваат да стапат во врска со постари мажи, а нивните врски многумина не можат да ги разберат. За таквите врски луѓето имаат најразлични коментари, а најчестата е дека станува збор за врска од интерес, а не од љубов.

Bright Sight одвои неколку причини зошто жените често „паѓаат“ на постари мажи. И не, парите не се на прво место.

1. Постарите мажи се позрели

Постарите мажи зад себе имаат искуство и тоа многу искуство со жени, па веројатно научиле како да се однесуваат кон жените. Тие се веќе остварени личности, со изградена кариера и некои од нив се подготвени да се посветат на семејството. Сакаат да се скрасат со една жена.

2. Носат мудри одлуки

Не ризикуваат беспотребно, благодарение на животното искуство имаат научено многу лекции па можат да си дозволат помудри одлуки.

3. Врските со нив се постабилни

Знаат точно што сакаат и не се оптоваруваат со непотребни игри како топло-ладно и слично.

4. Помагаат во домашните обврски

Знаат или научиле дека на жените им е многу важно нивните партнери да учествуваат во извршувањето на домашните обврски, дека со тоа нема да бидат помалку мажи. Го искусиле животот како самец и веројатно домашните обврски сами ги вршеле па не им е тешко тоа да го прават и кога ќе бидат во врска.

5. Знаат дека кон жените треба да се однесуваат со почит

Разбираат што им треба на жените и што ги прави среќни, во текот на последните љубовни врски веројатно научиле и како треба да избегнат одредени проблеми, па врската со нив е поедноставна. Не се фокусирани само на себе и нивните потреби, туку големо внимание посветуваат на партнерката.

6. Даваат чувство на сигурност

Досега веќе изградиле кариера, финансиски се постабилни и не се во потрага по авантури туку по сериозна врска.

Коментирај