Зошто сѐ повеќе луѓе кафето го менуваат со мача лате?

Мача лате е неодолива комбинација од мача прав, посебен вид на зелен чај чии листови се мелат до фина конзистенција, и растително млеко за вкусен кремаст пијалак.

Мача во прав е посебен вид зелен чај во прав кој се користи со векови во јапонската култура и на Далечниот Исток. Со текот на времето, овој зелен прав беше препознаен и на Запад, а последниве години го најде своето место во разни здрави јадења, десерти, милкшејкови, смути и на крајот во популарното мача лате.

Јапонскиот збор 抹茶 (мача) буквално значи „мелен чај“, а за да се добие мача, листовите од растението 碾茶 (тенча) по бербата се варат на пареа, се сушат и се мелат во ситен прав.

Интересно е што за 30 грама мача чај, камена мелница од гранит треба да работи еден час.

Преполн со вредни хранливи материи, го стимулира метаболизмот и побрзо согорување на маснотиите, па не е изненадување што мачата е најпопуларниот нутриционистички тренд во последните години. Согорува маснотии и отстранува токсини, а наместо класичното пиење мача чај со врела вода, мача правот е одличен и за подготовка на мача лате.

Мача правот е богат со хранливи материи и вредни антиоксиданси. Поради богатството на микронутриенти, се издвојува како суштинска состојка на здравата исхрана, а се користи и за зголемување на физичката издржливост и нивото на енергија.

Мача носи бројни придобивки за организмот и многу луѓе се одлучуваат кафето да го заменат со мача, бидејќи иако содржи кофеин, не го предизвикува добро познатото „пад“ (губење енергија, немир, раздразливост, отежнато концентрирање, варење, проблеми со спиењето...) откако ќе го испиете, го балансира телото и дава подолготрајно чувство на енергија.

Покрај кофеинот, мачата содржи и аминокиселини кои имаат смирувачки ефект, како што е L-theanine, за кој се смета дека ја поттикнува концентрацијата. Заклучокот е дека мачата е стимулативна и енергична, но за разлика од кафето, не ве прави нервозни.

Покрај тоа, мачата е моќен антиоксиданс, го стимулира метаболизмот, разбудува и го балансира расположението. Со други зборови, прави сѐ што ни е потребно наутро за да функционираме добро во остатокот од денот.

Рецепт за едноставно мача лате

  • 1 лажица мача во прав + 1 лажица врела вода
  • ¼ чаша врела вода
  • ½ шолја кокосово млеко
  • лажица мед

Мачата во прав измешајте ја со лажица врела вода така убаво за да нема грутчиња и да не се залепи на рабовите на шолјата, па прелијте ја со остатокот од водата и убаво измешајте. Загрејте го млекото со мед, добро измешајте да добиете пенеста структура и прелијте го во шолја.

Напитокот е готов, а по желба можете да додадете цимет или коцка мраз за ладно мача лате.

Тагови
реклама

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе