Врне, грми, ладно е, а во кревет е супер. Ај ќе се протегнете до работа ама не престанува да врне. Наеднаш и работната маса e убава за да си поспиете. Зошто?
Кога сончевата светлина ќе го погоди очниот нерв лачењето на хормонот мелатонин се намалува, па се чувствуваме будни. На врнежливи денови, кога има помалку сонце лачењето се намалува што доведува до поспаност.
Мелатонинот може да се нарече хормон за спиење бидејќи сигнализира дека е време за спиење. Без него ќе бидете со “очите пет банки“.
Сончевата светлина ги активира клетките во ретината а таа испраќа сигнал до нервниот систем кој е задолжен за ритамот на телото.
Освен мелатонинот, сончевата светлина доведува до зголемување на нивото на хормонот сератонин кој не прави посреќни, што најчесто резултира со повеќе ентузијазам во сончеви денови и послаба енергија кога врне дожд.