Зошто треба да јадете помалку месо?

Исхраната која во голема мера се потпира на консумирање месо трпи сѐ повеќе напади од експертите, базирани на бројните нови студии.

Ставот го поткрепува и една од најновите студии, која нуди неколку причини зошто би било пожелно да се намали потрошувачката на месо, а не се најчесто наведуваните здравствени причини, пишува The Independent.

Иако се потребни повеќе истражувања, препораките се сведуваат на следниве:

Ќе заштедите пари

Конзумирањето месо, особено квалитетно, може да биде скапо. Зеленчукот, гравот и житарките како извор на протеини, од друга страна, обично се полни со хранливи материи, хранливи и заситувачки, а често и економски попристапни.

Ќе ве поттикне да бидете покреативни во кујната

Нема многу подготовка на парче стек освен да го зачините, но кога станува збор за модар патлиџан, целер, печурки, можете да примените многу различни начини за нивно подготвување. И пак можете да имате помфрит како додаток.

Можност да вкусите зеленчук што не сте го јаделе досега

Секоја сезона истакнува некои видови зеленчук кои вреди да се пробаат. Во ноември можете да уживате во пиперки, кељ, карфиол, брокула, цикорија, спанаќ, цвекло итн.

Деца нема да поставуваат толку многу непријатни прашања за тоа кое животно е дел од денешниот ручек

Наместо тоа, веројатно ќе завршите да зборувате за тоа зошто всушност треба да го изедат зеленчукот во чинијата. Нешто добиваш, нешто губиш...

Ќе се чувствувате поеколошки

Не може да се негираат еколошките придобивки од избегнувањето на месото, дури и ако тоа е само еден ден во неделата. Намалувањето на потрошувачката на месо може да помогне да се намалат климатските промени, да се контролираат емисиите на стакленички гасови и да се регулира потрошувачката на ресурси.

Ќе ја поддржите биолошката разновидност

Конзумирањето помалку месо може да помогне да се намали деградацијата на животинското живеалиште, додека изборот на органски зеленчук што е можно повеќе значи поддршка на земјоделството без пестициди, што пак е добро за пчелите и другите инсекти кои опрашуваат.

Вашите пријатели вегетаријанци ќе бидат среќни

Ќе дознаете дека салата од зеленчук или рижото не е единственото нешто што можете да им го послужите на пријателите вегетаријанци кога ќе дојдат да ве посетат. Ако ја пуштите вашата фантазија и почнете да практикувате исхрана со малку месо, ќе откриете сосема нов свет на храна и рецепти.

реклама

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе