Зошто треба да му раскинете на snooze?

Според Националната фондација за спиење, на возрасните им требаат од седум до девет часа сон.

Спиењето е клучно за здравјето, но ако го одложувате алармот наутро, тоа може да направи повеќе штета отколку добро.

Еве неколку главни причини зошто не треба да стискате snooze на вашиот мобилен телефон кога ве разбуди алармот.

Нема да поминете низ сите фази на спиење

Ако го одложите алармот и спиете дополнителни десет минути, тоа не е доволно време за целосен циклус на спиење што е потребен за да се одморите. Постојат четири фази на спиење - фаза 1, 2, 3 и REM фаза. Во текот на првите две фази, лицето е во лесен сон, третата фаза е длабок сон, а за време на REM фазата лицето сонува. Секоја фаза е важна, но третата фаза и REM фазата се клучни за закрепнување и одмор. Целосниот циклус на спиење трае минимум 90 минути.

Значи, ако го одложите алармот за неколку минути, нема да стигнете до фазата каде што вашето тело се одмара. Психијатарот Елен Вора истакнува дека одложувањето на алармот нема да ви помогне да се чувствувате подобро или поодморено. Наместо тоа, подобро е да поставите аларм во реално време кога треба да станете отколку да останете во кревет уште неколку минути.

Не се одмарате повеќе

Одложените аларми всушност може да ве направат поуморни, а заморот може да трае цел ден. Студија за овој феномен откри дека испитаниците кои се буделе четири пати во текот на ноќта, пријавиле слични нивоа на замор како и испитаниците кои спиеле само четири часа. Значи, ако будилникот ве разбуди неколку пати, проследено со кратка дремка, тоа всушност ќе ве направи повеќе уморни.

Покрај тоа, одложувањето на алармот може да направи да се чувствувате помрзоволни и може да ја наруши вашата способност за извршување едноставни задачи веднаш по будењето. Ова чувство може да трае до пладне.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе