Веројатно многумина од нас се нашле во ситуација во која е тешко да се најдат вистинските зборови за да се опишат чувствата. Но, писателот Харуки Мураками умее многу вешто тоа да го направи.

Неговите книги сведочат дека вистински ја разбира хемијата на човечката душа и со неверојатна прецизност умее тоа да го преточи во зборови.
Одвоивме неколку цитати од овој писател:
1. „Светот без љубов е како ветер зад затворен прозорец. Ниту можеш да го допреш, ниту да го вдишиш“.
2. „Не постои погрешно мислење. Постојат мислења кои не се сложуваат со нашите. Тоа е сè.“
3. „Мислев дека луѓето растат постепено, малку по малку. Испадна дека не е така. Растат 'преку ноќ'.“
4. „Кога се прегрнуваме, ги делиме нашите стравови.“
5. „Никој не сака да биде сам. Јас мразам да бидам разочаран.“.
6. „Кога секој човек би верувал во среќен крај, светот не би имал од што да се плаши.“.
7. „Секој и сè изгледа убаво кога го гледате од дистанца“.
8. „Ако сè се случува онака како што сакате, животот ќе ви стане досаден.“
9. „Кога немате некој со кого би ги делеле вашите осамени мисли, вашите мисли ќе почнат да ве делат меѓу себе“.
10. „Кога гледате долго во морето, почнуваат да ви недостигаат луѓето. Кога гледате во луѓето, почнува да ви недостига морето“.