10 години од смртта на Ејми Вајнхаус – музичката икона која не сакаше да биде славна

Александра Спасеска
/ 23.07.2021 / 15:40

Имаше кратка и бурна кариера. Ејми Вајнхаус - незаборавна и 10 години по нејзината прерана смрт на 27 години. Сеќавањата за нежната и неповторлива Ејми се уште живи за нејзините фанови.

Веста за смртта на Ејми Вајнхаус на 23 јули 2011 година го шокираше музичкиот свет. Лондон, родниот град на Ејми беше епицентарот на нејзината креативна работа. Во 2008 година, таа дури ги посвети своите пет Греми награди на британската престолнина - особено на нејзиниот крај, Камден Таун во северо-западниот дел на градот.

Неколку дена претходно, избувна пожар на пазарот во Камден, кој се закани дека скоро целосно ќе уништи голем дел од еклектичниот карактер на омилената област на Ејми Вајнхаус. Во својот говор на доделувањето на Греми наградите, таа пркосно рече: „Ова е за Лондон, Камден Таун нема да изгори“.

Во меѓувреме, поминаа 10 години од смртта на Ејми. Но, некои места во Камден, како и во северен Лондон, сè уште потсетуваат на легендарната музичарка, која помина неколку години од своето детство таму. Таму и ги доби оние важни импулси за понатамошната музичка кариера.

Детство со музика

Благодарение на семејството, Ејми се запознала со разни музички влијанија од средината на минатиот век уште како девојче: баба ѝ Синтија работела како професионална пејачка, а татко ѝ Мич бил голем обожавател на „Рет Пек“ (групи актери собрани околу Хамфри Богарт ) Ејми порасна во уникатна музичка атмосфера, која се карактеризира со взаемно влијание на американскиот блуз и џез, како и еврејскиот кокни од Северен Лондон. Синтија Вајнхаус има настапувано на легендарни места како што е Џез-клубот на Рони Скот на улицата Фрит во Сохо. Или пеела во семејната дневна соба и Ејми ја следела. И кога татко ѝ пуштал плочи, Ејми ги имитирала гласовите на пејачите.

Така, до одредена мера научила од најдобрите пејачи во шоу-бизнисот. Подоцна, не само што нејзиниот глас беше споредуван со џез-легендата Били Холидеј, туку и нејзиното самоуништувачко однесување, за кое јавноста дозна на врвот на нејзината кариера.

Универзумот Ејми Вајнхаус - тоа беше Камден Таун, креативниот центар на Лондон, познат по својата музика во живо и бујната уметничка сцена. Населбата беше близу до куќата на нејзините родители и театарското училиште на Силивија Јанг во Мерилебоун, училиштето за изведувачки уметности, на кое Ејми присуствуваше.

Културна икона

На нејзиниот славен рокабили изглед особено влијаеше Камден. Ејми дишеше во енергијата на локалните пабови и места како Хаули Армс или Даблин Армс, на кои порано се појавија многу музички легенди.

Другата страна на паричката: тие места доведоа и до нејзино самоуништувачко однесување, кое подоцна ја уби. Премногу често, во раните утрински часови, едвај излегуваше од клубовите, каде стапи во контакт со нелегални супстанции. Понекогаш, според извештаите на медиумите, таа знаела да се онесвести во тоалетот, додека во другите денови стоела зад шанкот и им помагала на вработените во точењето пиво. За Ејми беше важно да биде прифатена како некој од маалото, како локална, а не светска ѕвезда.

Пабовите и другите места во Кемден денес се сеќаваат на пејачката и генијален текстописец, изложувајќи сувенири, како што се потпишани албуми.

Спомен плоча стои пред подземната станица Камден Таун. На пазарот во Камден, наидувате на статуа на Ејми Вајнхаус, кој на 31-от роденден на Ејми го откри покојната британска актерка Барбара Виндзор, со која Ејми беше многу блиска пријателка.

Remote video URL

Прогонувањето од папараци

Самоуништувањето на Ејми Вајнхаус е прилично добро документирано: папараците и другите фотографи ја прогонуваа на секој чекор. Фотографиите што сведочеа како Ејми Вајнхаус во лоша состојба ги напушта омилените места во Лондон, предизвикуваа сензација.

Дури и кога пејачката повторно заврши на Клиниката за рехабилитација во југозападен Лондон поради проблемите со зависности, леќите беа вперени кон неа. Неколку недели подоцна Ејми почина на 27-годишна возраст како последица на труење со алкохол.

Нејзината смрт, која за жал не изненади никого, предизвика голема тага во Камден. Нејзините обожаватели уште ја посетуваат нејзината куќа на Камден Сквер 30 и положуваат цвеќиња.

Десет години по нејзината смрт, на многу нејзини обожаватели сè уште им е тешко да ги разберат причините за самоуништување на нивниот идол. Нејзиниот долгогодишен пријател и човек на кој и веруваше, Тајлер Џејмс, кој живееше на иста адреса за време на нејзината смрт, напиша во својата неодамна објавена книга „Мојата Ејми. Збогум со зборови“, дека поп иконата никогаш не сакала да стане славна. „Таа сакаше да биде џез-пејачка.“ Едноставно беше скршена под притисокот на славата.

Remote video URL

Дали е виновно семејството на Ејми Вајнхаус?

Како и документарецот „Ејми“ добитник на Оскар, Тајлер Џејмс верува дека семејството на Ејми Вајнхаус носи дел од вината за нејзината зависност од дрога. Се шпекулира дека Ејми станала бренд, семеен бизнис кој морал да функционира без оглед на штетата. Семејството исто така не беше воодушевено од она што беше откриено во книгата на Џејмс. Тие се пожалија дека книгата „остава лош впечаток“, вклучително и неточни тврдења дека Ејми земала антидепресиви од нејзината 14-та година.

Неодамна, друга другарка на Ејми, Катрина Горлај, тврди дека пејачката целиот свој живот „не била на чисто“ за својата сексуална ориентација. Но, вистинските причини за зависност и самоуништување никогаш нема да бидат разјаснети.

Во меѓувреме, семејството на Ејми изјави дека сака да ја раскаже приказната на Ејми - од перспектива на мајката Џенис  во документарец во продукција на BBC.

Ејми ја обележа музичката сцена

Не мора да одите во Лондон за да го почувствувате немирниот дух на Ејми. Бројни изведувачи го следат патот на Ејми Вајнхаус и комбинираат референци од минато време со модерен звук и нов софтвер за звук, меѓу нив и Лана дел Реј и Лејди Гага.

„Ејми ја смени поп музиката засекогаш“, рече Лејди Гага. „Благодарение на неа, знаев дека има надеж и дека не сум самa. Живееше џез и блуз“.

Дури и музичките ветерани како Тони Бенет, кој во дует со Ејми ја отпеа „Body and Soul“, еднаш рече: „Навистина добри луѓе, кои имаат огромен талент, знаат да изведат џез-пеење на тој начин што ќе биде незаборавно. Ејми го имаше тој дар. Сознанието дека таа почина на 27 години е едноставно страшно за мене“.

Според многу британски уметници, Ејми Вајнхаус била одговорна за ренесансата на британската поп-сцена, откако во средината на 90-тите го изгубила својот сјај. „Заради неа, ја зедов гитарата в раце, и поради неа, пишувам свои песни“, изјави британската пејачка Адел.

Исто така, британските starsвезди Сем Смит, Џеси Џеј или Флоренс Велч имаа корист од ефектот Ејми. Бидејќи, оттогаш, музичките компании склучуваат сè повеќе договори со британски уметници со одличен и храбар глас.

Ејми Вајнхаус го помина тестот на времето со своите два албума „Frank“ и „Back to Black“, како и со постхумно објавениот албум „Lioness“. Публиката и денес со задоволство ги слуша. Таа го однесе својот Камден околу светот со нејзината музика.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Музика

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе