10-минутни вежби против целулит
Целулитот е проблем со кој се соочуваат 90% од жените и што понекогаш тврдоглаво останува и покрај напорното вежбање.
Фитнес инструкторката Ребека Луиз состави 10-минутен сет од вежби наменети конкретно за топење на целулитот што може да го вметнете во вашата вообичаена фитнес рутина. Најдобро од сѐ е што овие вежби може да ги правите дома, кога вие имате време, додека ја гледате омилената серија. Ќе ви одземат само 10 минути (повеќе ако правите паузи меѓу вежбите, ако тоа ви е потребно), а резултатите ќе бидат видливи за брзо време.