10 најнездрави намирници што секојдневно ги јадеме

Често не внимаваме на исхраната, додека нешто драстично не се промени во нашето здравје, како срцев удар или дијагноза на рак.

Можете да направите нешто денес и да исфрлите некои од овие смртоносни намирници од вашата исхрана. Старата поговорка не може да биде повистинита „ти си тоа што го јадеш“. Храната што ја јадете влијае на многу телесни системи, вклучувајќи ја функцијата на органите и структурата на телото. Познати токсични адитиви се користат во голем број намирници и за жал, овие состојки претставуваат опасност за нашиот имунолошки систем и целокупното здравје.

Еве ги 10-те најсмртоносните намирници што ги јадете секој ден:

1. Маргарин

Путерот со години се сметаше за непријател, но истражувачите сега потврдуваат дека маргаринот е тој што предизвикува здравствени проблеми. Маргаринот се произведува со хидрогенизирани растителни масла, богат е со транс масти, па бројни студии го поврзуваат со зголемен ризик од срцеви заболувања и рак. Наместо тоа, подобро е да се консумира путер, како и органско маслиново и кокосово масло.

2. Сувомеснати производи

Од салама до виршли, преработеното месо доби многу негативно внимание во изминатите неколку години, особено како дел од истражувањето на ракот. Бројни студии ја потврдија врската помеѓу преработеното месо и ракот, со особено висока стапка на колоректален карцином.

Всушност, Американскиот институт за истражување на ракот открил дека кога јадете една виршла дневно (или 50 грама преработено месо), го зголемувате ризикот од колоректален карцином за 21%. Наместо пакувања со познати канцерогени, синтетички хемикалии и токсични конзерванси, одлучете се за свежо месо.

3. Житарици за појадок

Сите сакаат житарици, тоа е најбрзиот и најлесниот начин да се подготви појадок, но е крајно нездрав. Секој ден, милиони деца за појадок јадат пакувани житарици полни со шеќер. Се чини дека пакуваните житарици содржат „нездрава количина“ на витамин А, цинк и ниацин, а некои производи имаат повеќе од 30% од дневниот внес за возрасни.

4. Чипс

Не е тајна дека чипсот не е дел од ниту еден план за здрава исхрана. Полн е со калории, масти и натриум. Исхраната со ниска содржина на натриум е неопходна за здраво срце, бидејќи консумирањето преку 2.300 милиграми (една полна лажичка) сол дневно може да доведе до висок крвен притисок, што е сериозен фактор на ризик за кардиоваскуларни болести.

5. Недопечени пецива и готови колачи

Многу е полесно да зграпчите кутија со колачи или пецива отколку да се замарате со различни рецепти, но во однос на здравјето тоа е лош избор. Уште еднаш, оваа брза храна се подготвува со хидрогенизирани масла, како што е палминото масло, и на тој начин го зголемува внесот на транс супстанци. Секако, шеќерот е главната грижа, бидејќи е поврзан со голем број болести, меѓу кои и ракот и срцевите заболувања.

6. Храна без масти

Од јогурт до млеко, храната без масти е популарна, но истражувачите ги открија вистинските здравствени последици од овие намирници. Овие намирници се користат како „здрава алтернатива“, а содржината на масти најмногу се заменува со шеќер, вештачки засладувачи или сируп од пченка со висока фруктоза. Запомнете, мастите не се непријател, потребна ви е одредена количина на масти за да го нахраните вашето тело и ум.

7. Помфрит, брза и пржена храна

Сѐ што е длабоко пржено треба да се избегнува, а тоа вклучува и помфрит. Компирите веќе се полни со скроб, кој кога се пржи во длабоко масло го зголемува нивото на шеќер во крвта. Како што можете да замислите, комбинацијата на компири со врели масла и соли не го подобрува вашиот нутритивен профил. Наместо да јадете помфрит, одлучете се за печен компир. А, ако толку сте љубител на помфрит, пробајте печен помфрит, речиси и нема да ја приметите разликата.

8. Сладолед

Иако многу пати сте слушнале дека сладоледот е здрав, филуваните корнети и ладниот крем не се дел од урамнотежената исхрана. Сладоледот може да го зголеми инсулинот и триглицеридите, да го зголеми систолниот крвен притисок и отчукувањата на срцето, а тромбоцитите во крвта да станат лепливи, што може да предизвика блокади и згрутчување на крвта во малите крвни садови во срцето и да го намали протокот на крв. Овие состојби можат „инстантно да предизвикаат срцев удар“ ако протокот на крв во срцето не се подобри.

9. Сирење

Ако навистина сакате да го намалите ризикот од срцеви заболувања, извадете го чедарот од вашите сендвичи. Кремастите млечни производи се најголемиот придонесувач за заситените масти во исхраната, кои сочинуваат 8,5% од нашите просечни оброци. Бројни студии го поврзуваат високиот внес на овие масти со затнати артерии и болка во пределот на срцето.

10. Бел леб

Одамна е познато дека белиот леб не го обезбедува изобилството на хранливи материи што може да ги обезбеди лебот од цело зрно. Не само што исфрлањето на овој леб од исхраната ќе ви помогне да го намалите стомакот, туку и ќе спречите срцеви заболувања. За разлика од непреработените цели зрна, рафинираните житарици (кои ги има во белиот леб) не содржат влакна, минерали и здрави масти кои го подобруваат здравјето на срцето.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе