101-годишен Британец ги возеше најстариот и најновиот модел на Ford

Компанијата Ford му овозможи на 101-годишен Британец, кој е љубител на нивните автомобили, да вози со најстариот и најновиот модел на Ford.

Харолд Багот имал само 10 години кога првпат седнал зад воланот на фордовиот Model T за да достави млеко на фарма во близина на Портсмут пред повеќе од 90 години.

Во 1936 година Багот добил возачка дозвола, а само една година подоцна го купил својот прв автомобил, Ford 8 Popular, кој само една година подоцна го заменил со моделот Anglia.

Тој и неговото семејство водат туристичка агенција и поседуваат над 160 возила Ford - 20 лични возила и 140 за компанијата.

Поради неговата љубов кон возилата на Ford, компанијата одлучи да му даде можност на овој 101-годишен ентузијаст и на неговото семејство да возат модел од 1915 година - Ford Model T, но и Ford Mustang Mach-E во Британскиот музеј за моторни возила во Бјули.

Нема многу луѓе во светот што можат да кажат дека го возеле првиот и најновиот Ford некогаш направен, во два различни века.

„Од својата десетта година го одржувам интересот за автомобилската индустрија, а денес сум заинтересиран да се префрлам на електрични модели, откако владата ги укина традиционалните мотори со согорување на кои бев навикнат“, вели 101-годишниот Багот.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Авто новости

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more
 

Автомобили

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе