101-годишна баба победи на трка на 100 метри
Ако мислите дека е доцна да почнете со физичка активност, се лажете.
101-годишната Ман Каур од Пенџаб, Индија почнала да трча на 99 години и завчера победи во трката на 100 метри во женска конкуренција на 2017 World Masters Games во Нов Зеланд.
Каур беше единствената натпреварувачка во категоријата над 100 години и ја заврши трката за 74 секунди. Да не ситничариме, самиот факт дека истрча 100 метри за 74 секунди на 101 година е неверојатен!
Таа вели дека планира во иднина да ја заврши трката на 200 метри.