Фит

15-минутен HIIT тренинг со Памела Рајф

24. февруари 2020 - 15:27 | М.С.

Не е тајна дека физичкиот тренинг има огромна корист за нашето здравје. Видот и траењето на физичкиот тренинг се разликуваат во зависност од тоа каква цел имате и од нивото на физичка кондиција.

HIIT е кратенка за High Intensity Interval Training. HIIT најчесто се споменува во контекст на ефективно губење на вишокот на масното ткиво и луѓето коишто го користат овој тип на тренинг велат дека е многу ефикасен.

Без оглед на вашата посакувана метода на вежбање, новите истражувања од Универзитетот во Јужна Австралија открија дека HIIT тренингот има позитивно влијание на телото и мозокот, пишува Health line.

Во студијата објавена во списанието Science of Medicine and Medicine in Sport, истражувачите разгледуваа 12 различни експерименти во кои учествуваа 128 луѓе кои ги нагледуваа промените во мозокот во текот на аеробните вежби.

Во студијата беа вклучени и возењето на статичен велосипед или трака, но варираа интензитетот и времето.

„Откривме дека интервалниот тренинг со висок интензитет HIIT има најголема корист за здравјето на телото и мозокот, вели коавторката на студијата“, докторката Ешли Смит.

Коментирај