159 нови случаи на коронавирус, бројката на оздравени надмина 10.000

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 1.733 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на COVID-19.

По градови, новите случаи се во:

- Скопје 32

- Куманово 25

- Дебар 1

- Штип 8

- Прилеп 7

- Тетово 9

- Струга 15

- Велес 2

- Битола 1

- Охрид 4

- Кавадарци 5

- Гостивар 22

- Гевгелија 5

- Струмица 1

- Радовиш 1

- Кочани 2

- Пехчево 1

- Берово 9

- Виница 2

- Делчево 4

- Кичево 3

Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје на возраст 77, 80, 85 и 86 години, еден пациент од Гостивар на 61 година и еден од Штип на 76 години. Пет од нив се починати во болнички, а еден вон болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од:

- Скопје 27

- Куманово 1

- Дебар 3

- Штип 8

- Прилеп 1

- Тетово 1

- Велес 2

- Битола 4

- Гостивар 9

- Крушево 1

- Кочани 1

- Македонски Брод 1

- Виница 1

- Кичево 13

- Неготино 2

Досега во земјата се направени вкупно 136.051 тестирања на COVID-19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.458,  бројката на оздравени пациенти е 10.052, на починати е 563, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.843.

Од скопските општини и понатаму општина со најголем број активни случаи е Чаир со 114 случаи, по што следува Гази Баба со 100 и Аеродром со 99 случаи.

Според информациите на Министерството за здравство, на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти од кои на кислородна поддршка се 31 пациент, а нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 13 возрасни пациенти, пет деца, две мајки и две деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, а вкупно хоспитализирани се 65 пациенти. На респираторна машина се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 93 пациенти – позитивни и сомнителни на COVID-19.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе