20 сурово искрени причини поради кои мажите ги изневеруваат жените

Врските понекогаш знаат да бидат тешки. Кога мажот изневерува, може да повреди и жена со најголема самодоверба. Ова се причините кои ќе ви помогнат да сфатите зошто партнерите изневеруваат.

Некои мажи се само детинести заводници

Некои едноставно сакаат да бидат заводници и да имаат многу девојки. За нив тоа е само игра. Избегнувајте вакви мажи, не вредат да го губите времето на нив.

Родени лажговци

Некои мажи ве лажат во лице, а вие им верувате. Некои сметаат дека е возбудливо да видат со што може да се извлечат. Подалеку од нив, за да не ви го скршат срцето. 

Сакаат да ја докажат својата машкост

Некои сметаат дека се вистински мажи доколку спиеле со многу жени.

Имал лоши примери

Сите негови примери во минатото биле поврзани со изневерување и тоа е тоа за кое единствено знае. За некого, неверството е норма. Доколку жените во неговиот живот го толерирале ова, тогаш тој очекува и од вас да го толерирате.

Сака да проба нешто ново

Не пронаоѓа возбуда со вас како на почетокот на вашата врска и поради тоа ќе ја побара некаде на друго место. Тоа не е ваша вина, туку негова.

Избегнува интимност бидејќи се плаши

Некои мажи изневеруваат за да избегнат интимност. Интимноста ги плаши, па се оддалечуваат од своите партнерки и ги изневеруваат.

Сака да се чувствува посакувано

Ова важи и за мажите и за жените. Од мажите се очекува да обезбедат сигурност и да поседуваат сила без признание за тоа. Ова може да доведе до повредена суета и да се чувствува како само да е старател. Кога има афера, тогаш мисли дека е важен во врската.

Сака нови искуства

Мажот може да е заљубен во својата партнерка, а притоа да ја изневерува. Мажите признаваат дека сакаат нови возбудувања и искуства, дури и доколку се среќни во врската.

Слаб карактер

Некои мажи имаат премногу слаб карактер за да можат да одбијат жена кога ќе им се укаже прилика. Жените не треба да го прифатат ова како аргумент.

Моќ и контрола

Некои мажи се чувствуваат моќно во врска кога ќе одлучат да изневерат.

Потреба за докажување

Сакаат да се чувствуваат дека вредат и поради тоа имаат и други жени, флеруваат и се интимни со нив.

Несозраеност

Некои мажи имаат многу незрели пријатели кои ги наведуваат да се однесуваат како нив. Се гледаат себе си како да се уште на факултет и се натпреваруваат и докажуваат во лошите работи како што е изневерувањето.

Сакаат новитет во врската

Некои мажи мислат дека ве освоиле и дека е време да продолжат понатаму. 

Емотивно е нестабилен

Мажите доживуваат емотивни трауми како и жените, но го поднесуваат ова поинаку. Некои од нив ги потиснуваат овие чувства и ги пренесуваат на партнерот. Бидете внимателни.

Лакомост

Едноставно, кога ќе им се укаже шанса, се лакомат да ја искористат.

Не им е грижа

Мажот кој константно изневерува не може да се сопре доколку ни самиот не знае што го тера кон такво однесување. Меѓутоа, доколку не го гледа проблемот или едноставно не му е грижа за тоа, тогаш не може да му се помогне.

Чувствува дека не го цените доволно

Константното критикување и чуството на празнина и вина може да го натера да побара нова партнерка. Во новата врска многу нешта се сведуваат на слаткоречивост и комплименти.

Поврзаност

Мажот мисли дека сте најповрзани кога во тоа е вклучено и водењето љубов. Покрај задоволството кое доаѓа со чинот, чувството дека тој е предмет на задоволство игра голема улога во врската.

Знае дека нема да го оставите

Ве изневерувал и претходно и не само што не сте го оставиле, туку никогаш не сте му ги кажале јасно правилата и очекувањата кои ги имате од него. Поради тоа, тој се чувствува како да нема да го напуштите никогаш, иако ве изневерува често.

Сака да стави крај на врската со вас

Некои мажи изневеруваат само затоа што сакаат да излезат од врската. Наместо да бидат искрени и да ви кажат што сакаат, тие едноставно го наоѓаат излезот во изневерување и чекаат вие да им раскинете.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе