30 е новото 50 во Холандија: Дали би можело и на нашите улици?

Претставничкиот дом на Холандија го усвои предлогот ограничувањето на брзината од 30 км/ч да стане норма во населени места, наместо досегашните 50 км/ч.

#НаТочак, групата ентузијасти чија заедничка цел е подобро велосипедско Скопје, продолжува со споделување на добри примери од целиот свет за безбедни улици за сите учесници во сообраќајот.

Денеска ја споделија веста дека Претставничкиот дом на Холандија го усвои предлогот ограничувањето на брзината од 30 км/ч да стане норма во населени места, наместо досегашните 50 км/ч.

„За да една улица добие 50 км/ч ќе мора да се докаже дека е важна за текот на сообраќајот и дека не је загрозува безбедноста на ранливите учесници, наместо обратно: 50 км/ч да биде нормата и да се бориме некои улици да станат #Зона30“, информираат од #НаТочак на нивната Facebook страница.

Предлогот доаѓа од GroenLinks и SGP. На овој начин, пратениците се надеваат дека ќе го намалат бројот на смртни случаи на патиштата.

Безбедноста се подобрува доколку возачите возат со помала брзина во местата каде живеат луѓе. Особено децата имаат малку шанси да преживеат во судир каде што автомобилот се движи со 50 км.ч.

„Шансата за судири е 3,5 пати помала ако возиме малку поспоро. Многу побезбедено е пешаците, велосипедистите и децата “, објаснува Сузана Крогер од Зелените.

URL

Холандија е редовно во топ 3 држави со најбезбеден сообраќај во светот и држава каде поголем дел од градовите речиси ја имаат применето оваа мерка, но не запираат таму. Сакаат НУЛА СМРТНИ СЛУЧАИ пешаци и велосипедисти по примерите на Осло и Хелсинки кои го постигнаа тоа во 2019.

Оваа одлука (доколку биде прифатена од Сенатот), ќе треба да биде пропратена со соодветен дизајн на улиците и спроведување од полицијата.

Членовите на #НаТочак досега реагирале против праксата на „автоцентрични“ улици што е честа кај нас.

„Автопатски писти за развивање 100-ка и опасност по животи не се вест за фалење во 21-ви век. Патна диета, безбедност во сообраќај, обезбедување велосипедско решение (дали како патека или како лента), облагородување на пешачки простор, обезбедување пристапност за лица со посебни потреби итн. треба да бидат правило при реконструкции, не исклучок!“, објавија тие по веста за реконструирањето на бул. „Видое Смилевски-Бато“ во скопската населба Аеродром кое според нив фокусот го става на автомобилите, а ги занемарува пешаците и велосипедистите.

реклама

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе