Сезона 2016/2017

5 најважни промени на фудбалските правила од новата сезона

Фудбалските правила се менуваат континуирано, а за сезоната 2016/2017 усвоени се неколку промени. Некои од нив се од „козметичка” природа, но некои се исклучително важни.

Меѓународниот одбор на фудбалските асоцијации (International Football Association Board - IFAB) е телото кое ги донесува правилата на фудбалската игра, а некои од новите правила ги видовме и за време на натпреварите од Европското првенство во Франција.

Ги издвојуваме петте најважни промени во оваа сезона.

Изведување на топката од центарот

Сигурно најзначајната промена која е применета на сите натпревари во Франција ги збуни многумина гледачи. Наместо двајца играчи при изведувањето на топката од центарот, гледавме само еден. Во претходните правила стоеше дека по ударот топката мора да тргне напред, па еден од играчите кој ја примаше топката стоеше на противничката половина, што е недозволено со правилата. Нормално, во правилата стоеше дека двата играчи мораат да стојат на својата половина, а дури откако топката ќе се насочи напред, играчот кој ја прима може да влезе на противничката половина.

Сепак, ова во пракса не се почитуваше, па IFAB донесе одлука со која топката при изведување од центар мора јасно да се помести. Избришано е правилото дека топката мора да тргне напред, односно во противничката половина, па сега е овозможено само еден играч да стои ан центарот и топката да ја врати директно во својата половина.

Картони можат да се добијат и пред почетокот на мечот

Во претходните правила стоеше дека судија може да дели јавни опомени (жолт картон) или исклучувања (црвен картон) по влегувањето на теренот. Тоа значеше дека играчите пред почетокот на мечот не можат да бидат казнети, а новото правило им овозможува на судиите овластување штом прв пат влезат на терен.

Тоа прво влегување на терен е всушност инспекцијата на условите на стадионот, како состојбата на тревата, па доколку дојде до неспортско однесување на играчите во тој период, може да бидат санкционирани. Судијата има овласување за санкционирање на играчите се додека на крајот на мечот не го напушти теренот.

Казни за изведување казнени удари на недозволен начин

И понатаму се на сила правилата во случај на влегување на играчи во казнениот простор пред изведување на казнените удари, па ударите ќе се повторуваат или головите ќе бидат признаени во зависност од играчите кои ќе ги прекршат правилата. Но, додадени се четири правила кои треба да го спречат недозволеното изведување на казнени удари.

Играчот кој шутира пенал нема да може да застане откако ќе се залета, па потоа да шутира. Доколку се случи тоа, изведувачот ќе добие јавна опомена (жолт лартон), а противничката екипа ќе добие индиректен удар.

Доколку е јасно идентификуван изведувачот на казнениот удар, а негов соиграч втрча и го изведе, играчот кој ја удрил топката ќе добие жолт картон, а противничката екипа ќе добие индиректен удар.

Доколку изведувачот на ударот не ја удри топката кон напред, противничката екипа ќе добие индиректен удар.

Доколку голманот тргне кон топката пред изведување на ударот, а не биде постигнат погодок, казнениот удар ќе се повтори, а голманот ќе добие жолт картон.

Нема офсајди на линијата на средината на теренот

Во пракса нема ништо да се промени, но во правилата не беше јасно дефинирано правилото за офсајд на средина на теренот. До сега, стоеше дека играчот не е во офсајд доколку е на својата половина од теренот, а сега е јасно дефинирано во правилата дека за да биде во недозволена позиција, ограчот мора да има дел од телото (под телото сега е дополнително дефинирано дека тоа не се раце и дланки) на противничката половина, односно надвор од линијата на средината на теренот.

Дефинирана е оддалеченоста кај уфрлувањето од страна

До сега во правилата не беше јасно дефинирана оддалеченоста на противничките играчи при уфрлување на топка од страна. Кај директните и индиректните слободни удари пропишаната оддалеченост е 9,15 метри, а сега во правилата јасно е дефинирана и оддалеченоста при уфрлање топка од страна, која изнесува два метри.

Доколку играч пријде на повеќе од два метри и се обиде да го попречи уфрлувањето од страна, ќе биде санкциониран со жолт картон. Доколку топката не е уфрлена на терен, ќе се повтори уфрлувањето, а доколку топката е уфрлена - ќе биде досуден индиректен удар од местото каде играчот стоел при попречувањето на изведувачот.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе