5 навики со кои побрзо ќе слабеете по 30-тата година

А.С.
/ 06.07.2023 / 15:44

Слабеењето не е лесен подвиг и може да бара повеќе време и намера по 30-тата година од животот.

Иако студиите покажуваат дека нашиот метаболизам не почнува значително да се забавува сè до 60-тата година, има многу причини зошто можеби се чувствувате како да е поголема веројатноста да се здебелите откако ќе наполните 30.

Вашиот живот станува позафатен, работата ви пречи, седите повеќе, вашите навики во исхраната може да страдаат и многу повеќе.

„Ако никогаш не сте се бореле со тежината пред 30-тата година и вашите навики во исхраната и начинот на живот се помалку од пожелни, шансите се големи дека зголемената тежина ќе ве стигне во одреден момент“, вели Лаура Бурак, основач на GetNaked Nutrition и авторка на книгата „Slim Down with Smoothies“.

Добрата вест е што Бурак вели дека не верува дека возраста ќе влијае на вашите напори да станете послаби и поздрави. Со правилен позитивен начин на размислување и здрав план до кој знаете дека ќе се придржувате, ќе одите во вистинската насока кога станува збор за слабеење по 30-тата година.

Консумирајте квалитетна храна

Најпрво, Бурак препорачува да се воспостави основа за претежно квалитетна растителна храна. Ова се состои од храна која расте на отворено, како што се свеж зеленчук и овошје, семиња, јаткасти плодови, масла здрави за срцето, како што се авокадо и маслинки, компири, пченка, грав. Рецензија од 2020 година објавен во списанието Nutrients покажа дека зголемувањето на внесот на овошје и зеленчук помага при губење на тежината кај жените, веројатно поради фактот што оваа храна е богата со диетални влакна, нискокалорична и може да ви помогне да јадете побавно.

Треба да јадете и многу посни протеини како риба, јајца и живина за да ви помогне да го стабилизирате шеќерот во крвта.

„Ова за возврат ќе ве одржува избалансирани и сити и со помала веројатност да јадете преработена храна во 16 часот“, објаснува Бурак.

Ограничете ја количината на додаден шеќер во вашата исхрана

Додадениот шеќер не е ваш пријател особено кога се обидувате да изгубите тежина.

„Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме е изобилството на додаден шеќер во нашата исхрана, а како што стареете, тоа може да има поголемо влијание врз вашето здравје и тежина“, објаснува Бурак.

Конзумирањето на вишок калории од додадени шеќери е поврзано со зголемување на телесната тежина и зголемување на салото на стомакот.

Паметна навика е да се ограничи количината на додаден шеќер што го консумирате. Дополнително, почнете да ги читате етикетите за храна секогаш кога купувате храна во маркет. Ова може да ви помогне да ги идентификувате скриените извори на шеќер скриени во голем дел од пакуваната храна.

Погрижете се да јадете доволно во текот на денот

Кога се обидувате брзо да изгубите тежина, не правете грешка да не јадете доволно во текот на денот, а потоа да посегнете по колачи навечер. На вашето тело му треба гориво во текот на денот, па ако се лишите од калории цел ден, а потоа консумирате повеќе отколку што треба доцна навечер, може да доведе до зголемување на телесната тежина и други здравствени проблеми.

„Јадете доволно храна во часовите од денот кога навистина ви е најпотребна и направете го вечерниот оброк полесен“, додава тој.

Подготовка на оброци

Ако сакате да изгубите тежина по 30-тата година, размислете за подготовка на оброците за претстојната недела за да се осигурате дека му ги давате на вашето тело сите хранливи материи што му се потребни и да ја контролирате големината на порциите. Со сите ваши оброци планирани за таа недела, веројатно нема да почувствувате потреба да земете нешто нездраво на пат кон работа или дома.

Дополнително, според истражувањето објавено во International Journal of Behavioral Nutrition and Physical Activity, подготвувањето оброци дома е поврзано со севкупниот „подобрен квалитет на исхраната“. Кај женските учесници, планирањето на оброците беше директно поврзано со намалена веројатност за дебелина и прекумерна тежина, кај мажите планирањето на оброците одигра значајна улога во намалувањето на дебелината.

Вежбајте свесно јадење

Можеби звучи едноставно, но седнувањето и забавувањето во вашиот напорен распоред за да уживате во храната може да направи голема разлика во поддршката за губење на тежината по 30-тата година. Ограничете ги сите одвлекувања како што се скролањето низ социјалните мрежи и практикувајте свесно јадење.

„Обратете внимание на фактот дека всушност јадете за вашиот ум и тело да можат подобро да ја обработат храната и да ве спречат да се прејадете подоцна кога најверојатно нема да ви треба таа енергија на крајот од денот“, објаснува Бурак.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фит

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе