5 причини зошто жените избираат постари мажи - дури и кога не се работи за пари

Постои теорија дека помладите жени кои сакаат постари мажи немаат добар однос со својот татко и бараат татковска фигура во својот партнер. Трети пак велат дека ги интересираат само парите. Меѓутоа, кога ќе ги оставиме настрана нашите предрасуди, можеби ќе сфатиме дека тие го сакаат постари - поради нивната зрелост. Привлечна е и животната мудрост и финансиската стабилност што ги стекнале овие мажи, а финансиската стабилност не мора да значи богатство. Тоа само значи дека тие ги сфатиле своите грешки на млади години и научиле некои финансиски лекции.

Општеството прифаќа мали разлики во возраста, со разлика од 5-10 години, но не е толку љубезно кон жените кои излегуваат со мажи доволно стари за да им бидат татковци. Многумина нема да го сокријат своето незадоволство кога ќе видат постар маж како се држи за рака или се бакнува со помлада жена. И без оглед на мотивите на парот да бидат заедно, и двајцата ќе мора да надминат многу стигми и стереотипи поврзани со културните норми за да бидат заедно.

Предноста на „староста“

А дали воопшто може да се каже дека разликата во години е „преголема“ за врска?

Постојат и еволутивни и социјални мотиви зад жените кои ги привлекуваат постарите мажи. За овие односи се спроведени многу истражувања, а науката даде неколку одговори. Студија од 2018 година ги испита табуата за врските со голем јаз во возраста. Не ретко и тој и таа добиваат навредливи класификации, најчесто стар перверзник и спонзоруша. Луѓето мислат дека таа сака лесен живот, а тоа ќе ѝ го понуди некој постар дечко. Или дека таквата врска е отскочна штица за една млада жена во нејзината кариера или стекнување на одреден социјален статус во животот. Сепак, парите или влијанието не се нужно главните мотиви. Многумина навистина се сакаат, а вистинската љубов не знае и не прашува за годините.

Не се работи за таткото...

Кога разликата во годините надминува десет години, луѓето мислат и дека причина за врската е нездравиот однос со таткото. Сепак, една студија од 2016 година ја отфрли оваа теорија. Од 173 учесници, 44 биле во врска со мажи една деценија постари од нив. Повеќето од овие жени имале добар однос со својот татко и не барале утеха во врската или она што им недостасувало во односот со нивниот татко. 75% од нив рекле дека не бараат татковска фигура, туку повеќе сакаат друштво со постар маж и чувството на сигурност што тој го пружа.

Науката наведува 5 причини зошто помладите жени сакаат постари мажи:

Силен генетски профил

Се претпоставува дека помладите жени сѐ уште се во репродуктивна возраст и кога бараат некој кој ќе биде идеален татко на дете, тие сакаат маж кој е веќе „свој маж“, што секако е посигурно од тоа да биде со еден млад човек кој нема што да понуди. Значи, тие сакаат да се чувствуваат згрижени и безбедни.

Постарите мажи имаат самодоверба

Еден постар господин веќе поминал низ многу бури во животот и зрачи со аура на самодоверба, а младата дама која нема големо искуство може да си го олесни животот со некој што знае како да ѝ го чува грбот во тешки времиња. Тој човек не мора да има големо богатство, но веројатно има дом и сигурна плата, што е прилично привлечно за жена која тукушто го започнува животот.

Знаат како да се однесуваат со жена

Можеби една од најатрактивните работи кај постарите господа е тоа што тие знаат како да се однесуваат кон жена како дама. Ако се вратиме во минатото, мажите имале подобри манири, однесувајќи се џентлменски кон жените. Момчињата денес имаат различни морали и вредности кои воопшто не се слични на оние родени пред 80-тите.

Прашање на умот

Деновиве луѓето веќе се интимни на првиот состанок. Но, ако се работи само за физичка привлечност, врската брзо ќе пропадне. Жените сакаат интимност, исто како и мажите, но сакаат некој што е заинтересиран за нивниот ум. Исто така, постариот маж ја импресионира со насобраното знаење и животни искуства. Еден постар маж ужива во добар разговор и друштво. Иако се заинтересирани за сензуална врска, тие повеќе се грижат да најдат некој со кој уживаат да разговараат со добро кафе.

Имаат стил

Што се случи со деновите кога мажите се облекуваа како господа или барем како – мажи? Малку жени сметаат дека е привлечно кога мажите носат фармерки кои се потесни од нивните. Или кога одат во продавница и на вечера во ресторан во тренерки. Некои од стиловите од минатото би требало да се вратат бидејќи не можат да се споредат со ниту еден од денешните трендови.

Постојат различни причини зошто луѓето се заљубуваат. Но, општеството ги сака традиционалните односи и ги осудува оние што не се вклопуваат во тој калап. Ако сте доволно среќни да најдете некој во овој живот кој ќе ве натера да се чувствувате подобро, ќе ви даде причина за насмевка и ќе ве држи за рака во вашите најтемни денови, тогаш сте нашле богатство многу поголемо од која било етикета која општеството може да ви ја додели.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Љубов и секс

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more

Венера влезе во Бик – љубовен ураган до 23 мај

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе