6 растенија кои во домот носат просперитет и позитивна енергија

Елементот дрво, како посебен фенг шуи елемент, во просторот внесува витална енергија на раст и делување. Може да поттикне сочувство, љубезност и флексибилност. Освен тоа, зелената боја се поврзува и со подмладувањето.

Не постојат нужно добри и лоши фенг шуи билки. Некои почесто се препорачуваат за фенг шуи, заедно со билки кои можат да донесат добра енергија во просторот.

Красула

Се верува дека присуството на красулата (билка на парите) позитивно влијае на семејните финансии, работата и кариерата, а со тоа на сопственикот му носи и повеќе пари. Одличен избор е не само за домови, туку и за канцеларии.

Според филозофијата на фенг шуи, красулата треба да се стави десно од влезната страна или во северниот или северозападниот дел од домот. Красулата има прекрасно етерично масло кои освежува, поттикнува будност и фокус кај луѓето и ги засилува умствените и физичките способности на човекот.

Мента (нане)

Ментата спаѓа во најлековитите билки, се користи за разни намени, а нејзините ароматични листови имаат силен мирис и вкус, особено кога листови мента ќе протриете низ прсти. Го освежува просторот и организмот, па се советува да се консумира за смирување и подобра меморија.

Кинезите веруваат дека саксија со мента треба да има секој дом, бидејќи таа привлекува позитивна енергија.

Алое вера

Познати се лековитите својства на оваа билка, па таа често се наоѓа и во разни медицински производи како и во производи за нега на кожата.

Фенг шуи вели дека треба да се распоредат повеќе билки Алое вера низ собите во кои има болни луѓе, бидејќи се смета дека помаѓа во опоравување од болести.

Лаванда

Лавандата од дамнина се смета за симбол на чистота и љубов. Освен тоа, им помаѓа на луѓето кои страдаат од несоница, нејзиниот мирис го ублажува лошото расположение и помага во борбата со депресијата. Исто така, лавандата има благотворно дејство на опуштање и паѓање во сон.

Активните материи кои се наоѓаат во оваа билка делуваат на централниот нервен систем кај човекот, смирувајќи го. Затоа често се користи и во лековите за смирување, главоболка и мигрена.

Јасмин

Грмушката од јасмин полна со зелени лисја и големи бели цветови со својата убавина одамна ги фасцинира луѓето. Се смета дека луѓето кои ја имаат оваа билка во својот дом немаат проблеми со комуникацијата, дека се среќни и исполнети во животот.

Најмногу позитивна енергија ќе привлече ако во домот се стави во јужниот дел од собата.

Мирен крин

Старите верувања велат дека токму новаа билка е одговорна за благосостојбата на жените, а често постарите луѓе поради тоа ја нарекуваат и женска среќа.

Од дамнина жените кои сакале да привлечат добри промени, особено среќа во љубовта, во својот дом ставале ваква билка во просторот каде се собирале многу луѓе.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе