7 фрази кои покажуваат дека личноста има ниска емоционална интелигенција

Емоционалната интелигенција е способност да се согледаат и прецизно да се проценат сопствените чувства, како и чувствата на другите луѓе. Кортни С. Ворен, д-р по психологија од Харвард, објасни дека на тоа може да се работи, а тоа е клучно за професионалниот и личниот успех.

Луѓето со висока емоционална интелигенција можат да пристапат и да предизвикаат емоции, да ја разберат невербалната комуникација и да ги контролираат своите чувства. Меѓутоа, ако забележите дека вие или некоја личност од вашата околина користи некои од овие фрази, тоа е знак дека тие имаат ниска емоционална интелигенција.

Не се менувам, таква сум си

Како што веќе беше наведено, емоционалната интелигенција е вештина на која можеме да работиме. Затоа, тоа е поврзано со способноста за промена во текот на растењето. Луѓето со ниска емоционална интелигенција често се тврдоглави и ќе се борат со секој обид за промена. Тие имаат силни верувања и често се затворени за нови можности.

Не ми е гајле како се чувствуваш

Свесното непочитување на туѓите чувства е исто така знак дека личноста има ниска емоционална интелигенција. Недостатокот на емпатија кон другите, особено кога минуваат низ тежок период, го отежнува развојот на добри односи.

Твоја вина е што се чувствувам вака

Луѓето кои имаат развиена емоционална интелигенција не ги обвинуваат другите луѓе за нивниот неуспех. Тие разбираат дека нивните емоции се поврзани со тоа како тие внатрешно ги перцепираат нивните околности. Затоа, никој не е должен да управува со вашите емоции.

Едноставно не си во право

Кога ги обвинуваат за некоја ситуација, емоционално интелигентните луѓе ќе се трудат да најдат одговори зошто личноста ги обвинува за одредена ситуација. Наместо да се одмаздат, тие се фокусираат на искуството на соговорникот и се обидуваат да ги разберат нивните емоции.

Престани да бидеш луд!

Никогаш не треба да ја користите оваа фраза. Важно е да можете да го слушнете туѓото искуство без претерана реакција или разбирање. Тоа значи дека имате високо чувство за самосвест и самопочит.

Не можам да ти простам

Знак дека сте емотивно интелигентни е кога имате способност да се „ставите во туѓа кожа“, така да се каже. Таквите луѓе се подготвени дури и полесно да им простат на луѓето, за разлика од другите луѓе, кои ја немаат таа сигурност.

Твоите чувства се ирационални

На крајот, особено е важно да се истакне дека луѓето кои се емоционално интелигентни можат да ги преиспитаат своите чувства, да излезат надвор од нивните граници и да ги анализираат рационалните и ирационалните аспекти на нивните мисли. Тие се добри и во признавањето на чувствата на другите луѓе, дури и ако не разбираат точно од каде доаѓаат. Ова не е случај со луѓето кои имаат ниска емоционална интелигенција, кои можат само да ги разберат своите цели и желби.

реклама

Колку ќе се зголеми саатницата во Германија во 2025 година?

Read more

Изјавата на Роналдо за Мбапе од пред два месеца сега е хит на денот

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате вишок кортизол

Read more

Две намирници кои ги јадеме речиси секој ден го уништуваат црниот дроб

Read more

Живот

Што никогаш не треба да правите на празен стомак?

Read more

5 фрази кои децата најмногу сакаат да ги слушаат од своите родители

Read more

Што да јадете кога немате енергија: Намирници што ќе ви помогнат

Read more

Колку долго може да чувате остатоци од пилешко во фрижидер?

Read more
 

Магазин

Преработени намирници кои се всушност добри за вас

Читај повеќе
  • play_arrow

Предупредувачки симптоми дека имате вишок кортизол

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да направите детоксикација по празниците?

Читај повеќе

3 хороскопски знаци ги очекува брак во 2025 година

Читај повеќе

Што никогаш не треба да правите на празен стомак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Во игротека со мама и тета

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт за најдобриот домашен тартар сос

Читај повеќе

Храна што може да го намали ризикот од рак на дојка

Читај повеќе

5 фрази кои децата најмногу сакаат да ги слушаат од своите родители

Читај повеќе