9 реченици кои не смеете да ги изговорите кога раскинувате

Кога ќе дојде до раскинување, тоа често се случува со голема кавга, а потоа паѓаат сите маски.

Кога ќе ви „падне мрак на очи“ и ќе завладее гневот, многу е тешко да се контролирате.

Сепак, психолозите истакнуваат дека колку и да сте повредени или лути, има некои работи кои не треба да му ги кажете на партнерот. Бидејќи последиците можат да бидат сериозни.

1. Те ​​мразам

Можеби го мразите во моментов, но нема смисла да го кажувате тоа во моменти на лутина. Имаше моменти кога го сакавте и ќе има моменти во иднина со убави спомени. Не дозволувајте поранешниот партнер да ја почувствува вашата омраза, бидејќи тоа на крајот ќе ве изеде.

2. Очаен си во кревет

Можеби е вистина, но тоа е силен и грд удар под појасот. Водењето љубов е заедничка одговорност и ако не било одлично, имајте на ум дека тоа е нешто на што и двајцата работевте.

3. Ти си виновен за сѐ

Многу ретко се случува другата страна да биде 100 отсто виновна за раскинувањето на врската, дури и ако се случила прељуба. Партнерот ќе ни каже дека тоа не е точно и ќе заземе одбранбен став.

4. Патетичен си

Запрашајте се: „Зошто имав врска со патетична личност?“ Ова е многу одбивна критика и тешко дека реакцијата ќе биде добра.

5. Посакувам воопшто да не те сретнeв

Но, се сретнавте и не можете да го промените тоа. Наместо тоа, размислете што научивте од таа врска и добрите работи што ги добивте од неа.

6. Се надевам дека ќе имаш мизерен живот

Ваквата изјава долго ќе одекнува во главата на партнерот. Запрашајте се, дали навистина го мразите толку многу што му посакувате ужасна иднина. Запрашајте се како ова ви помага да продолжите понатаму. Воопшто не!

7. Врската со тебе е најголемата грешка што сум ја направила

Веројатно навистина мислите така среде расправија, но сè што всушност може да каже е дека не сте добри во донесувањето одлуки.

8. Најдов некој многу подобар од тебе

Ваквата изјава звучи како детско фалење во парк или триење сол на нечија рана. Можеби мислите дека сте нашле некој подобар, но времето ќе покаже дали тоа навистина е така.

9. Ти си ужасен родител

Имајте на ум дека ова е ужасна изјава. Можеби вашиот партнер не е толку добар родител како вас, но има и родителски права и на детето му треба. Не дозволувајте децата да станат жртви на вашиот развод и да им нанесувате неповратна штета која ќе ги придружува до крајот на нивниот живот.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе