9 занимливости за Северната Венеција

Запознајте го прекрасниот град на белите ноќи, подвижните мостови и трамваите.

Санкт Петербург е вториот најнаселен град во Русија, кој често се нарекува Северна престолнина или Северна Венеција, поради многуте канали.

Сместен е во северозападниот дел од европскиот дел на земјата, во источниот дел на Балтичкото Море на устието на реката Нева. Санкт Петербург е еден од најубавите градови во Европа со огромно историско и културно наследство и магична атмосфера. Тој е град на архитектура, романса и инспирација, подвижни мостови и бели ноќи.

Санкт Петербург е голем историски центар, каде речиси секоја зграда е уметничко дело и има своја историја. Центарот на градот е под заштита на УНЕСКО.

Исто така, во Санкт Петербург се наоѓа еден од најголемите и најстарите музеи во светот - Ермитаж, кој има огромна колекција на уметнички дела, кралско злато и антиквитети.

Климата во Санкт Петербург е умерена со карактеристики на континентална и поморска клима. Летата се студени и врнежливи. Во зима често може да има силни мразови, магла и студени ветрови. Поради својата локација, во Санкт Петербург се појавува интересен феномен - бели ноќи (кога ноќта се претвора во самрак). Белите ноќи обично траат од средината на мај до јуни.

Интересни факти за поранешниот Петроград

1. Санкт Петербург е вториот најважен економски, индустриски, научен и културен центар на Русија.

2. Со население од 5,383,890 жители тој е трет најнаселен град во Европа, после Москва и Лондон, или четврти ако го рачунаме Истанбул кој е распослан на два континента (Европа и Азија).

3. Санкт Петербург е познат по своите подвижни мостови. Ги има околу дваесетина во градот. Мостовите се подигнати помеѓу 1.00 и 5.00 часот по полноќ и се користат за минување на големи бродови.

4. Во минатото Санкт Петербург неколку пати го менувал своето име. Се викал и Петроград и Ленинград.

5. Спротивно на популарното верување, Санкт Петербург не го добил името по неговиот основач Петар I, туку по неговиот патрон Свети Петар.

6. Во музејот Ермитаж има околу 3 милиони експонати.

7. Познатиот Петерхоф се наоѓа во близина на градот. Комплексот од 173 фонтани УНЕСКО го стави на листата на светско наследство.

8. Во Санкт Петербург има повеќе трамваи отколку на кое било друго место во светот. Должината на трамвајската линија е над 600 километри.

9. Од 1713 до 1918 бил главен град на царска Русија, а по Октомвриската револуција болшевиците го замениле со Москва.

Знамето на градот
реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Вести

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Read more

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе