Абрамович присуствува на преговорите меѓу Русија и Украина во Истанбул

Рускиот бизнисмен и милијардер Роман Абрамович, кој е санкциониран од Западот поради инвазијата на Москва врз Украина, присуствува на мировните преговори меѓу руската и украинската делегација во Истанбул, објави BBC.

На снимките што ги објавија турските медиуми, Абрамович не се наоѓа на главната маса за преговори, но се гледа како седи покрај Ибрахим Калин, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, и носи слушалки за превод.

Медиумите наведуваат дека Абрамович накратко разговарал со Ердоган пред почетокот на преговорите во Истанбул. Во разговорот учествувал и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Wall Street Journal вчера објави дека Абрамович, кој го прифатил барањето на Украина да помогне во преговорите за ставање крај на руската инвазија, и украинските мировни преговарачи неодамна имале симптоми на труење по состанокот во Киев.

Неименуван американски функционер подоцна изјави дека разузнавачките податоци сугерираат дека симптомите на лошата здравствена состојба на рускиот милијардер Роман Абрамович и украинските мировни преговарачи биле резултат на фактори на околината, а не на труење.

Нова рунда преговори меѓу руската и украинската делегација почна денеска во Истанбул, истакна советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак. Во меѓувреме, една украинска телевизија објави дека членовите на двете делегации не се ракувале пред почетокот на разговорите. 

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе