КОПА ДЕЛ РЕЈ 2019/20

Адуриз: Сонувам да се пензионирам со куп трофејот

Легендата на Атлетик сонува да го подигне трофејот од Копа дел Реј на крајот од сезоната која му е последна во кариерата.

Ариц Адуриз е вистинска баскиска легенда. Вчера наполни 39 години, а најголемиот дел од кариерата го мина во својот матичен клуб, Атлетик од Билбао.

Голови има еден куп, но она што му недостасува на Адуриз се трофеите. Има само еден, од 2015 кога со Атлетик го освои Суперкупот на Шпанија. Тогаш неговиот тим ја преслуша Барселона понижувајќи ја со 4:0, а токму Адуриз постигна хет-трик.

Откако го загуби финалето во Копа дел Реј во сезоната 2014/15 од Барселона со 1:3, Ариц сега повторно има шанса да дојде блиску до тој куп трофеј. Атлетик е во полуфиналето, а пречката е Гранада, со која вечерва од 21 часот го игра првиот натпревар.

„За ова сонувам одамна. На почетокот беше само фантазија, но сега може да стане многу пореално иако сѐ уште е тешко. Дај Боже да дојдеме уште поблиску, ќе се бориме за тоа. Замислете на крајот на сезонава да се пензионирам со титула. Тоа е сечиј сон“, вели Ариц.

Адуриз во репрезентацијата на Шпанија ретко добиваше шанса. Настапи само 13 пати, а постигна 2 гола и тоа вториот во победата од 4:0 против Македонија  во квалификациите за Мундијалот 2018. Затоа, пак, играше и за непризнаената репрезентација на Баскија, неговата родна земја за која на 13 натпревари постигна 12 гола.

„Некако ни е смачено да гледаме како Барса и Реал освојуваат сѐ, да ми извинат. Убаво е да се гледаат првенства каде има повеќе динамика, како што е во Англија. Победата над Барса беше врв. Замислете само како е да се постигне гол во последната минута, а наградата за тоа е полуфинале...“, вели Адуриз.

Од целиот тим на Атлетик, само тој бил роден кога клубот последен пат триумфирал во купот, во 1984 година. Тогаш имал 3 години.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе