„Africa“ на Тото ќе ечи засекогаш во африканската пустина
Уметникот Макс Зидентопф со намибиско-германско потекло постави звучна инсталација што се напојува на соларна енергија во крајбрежната пустина Намиб каде одново и одново ќе ечи песната „Africа“ на Тото.
Тој ја одбра локацијата во пустината во Намибија и постави пест звучници поврзани со MP3 плеер од кој засекогаш ќе ечи рок класикот.
„Сакав да ѝ оддадам почит на песната и физички да ја изложам „Africa“ во Африка, изјави уметникот.
Пустината Намиб која постои 55 милиони години и е најстарата пустина на светот е совршена локација за оваа музичка инсталација, смета тој.