Африка се дели на два дела и поради тоа може да се создаде ново море

Дека Земјата постојано се менува не е тајна, а откритието кое веќе некое време ги фасцинира истражувачите е одвојувањето на тектонските плочи на вториот по големина континент на планетата, што може да доведе до создавање на нов океан.

„Огромен јаз полека ја дели Африка. Депресијата позната како источноафриканска раседна линија е мрежа на долини која се протега на приближно 3.500 километри од Црвеното Море до Мозамбик“, пишува Livescience.com.

Дали Африка целосно ќе се расцепи и ако е така, кога ќе се подели? Истражувањата покажуваат дека Африка полека се отвора долж неколку линии, кои заедно изнесуваат повеќе од 6,35 милиметри годишно, потврдува Синтија Ебингер, претседавач со геологија на Универзитетот Тулејн во Њу Орлеанс и научен советник во Канцеларијата за африкански прашања на Стејт департментот на САД.

Во случај африканскиот континент навистина да се раздели, постојат различни теории за тоа како тоа би можело да се случи. Според едно сценарио, поголемиот дел од сомалиската плоча се одвојува од остатокот од африканскиот континент, а меѓу нив се формира море. Новата копнена маса ќе ги вклучи Сомалија, Еритреја, Џибути и источните делови на Етиопија, Кенија, Танзанија и Мозамбик. Друго сценарио вклучува одвојување само на источна Танзанија и Мозамбик.

Научниците сè уште не можат да предвидат дали пукнатината ќе расте со сегашното темпо, што прво би отворило океански слив, како Црвеното Море, а потоа и помала верзија на Атлантскиот Океан, и дали распадот ќе се забрза или ќе забави.

„Со сегашната брзина, море со големина на сегашното Црвено Море би можело да се формира за околу 20-30 милиони години“, изјави за DailyMail.com Кен Мекдоналд, професор на Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара.

Пукнатината долга 56 километри што се појави во 2005 година веќе покажува знаци за формирање на ново водно тело во близина на Етиопија. Тектонската активност е виновна и за лизгањето на земјиштето во Кенија во 2018 година, кое ја погоди земјата по силниот дожд. Пукнатината долга неколку километри, предизвика колапс во тој дел од земјата, а наводно сè уште расте.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе