Општина Центар се пофали со реновираната „Ленинова“, но граѓаните веќе најдоа грешка.
Еден пешачки премин е убаво забарикадиран со бандера и грмушки, што само активни спортисти би можеле да дојдат до него. Згора на тоа, и паркирани возила до пешачкиот.
Фотографиите ги објави професорката на Архитектонскиот факултет, Дивна Пенчиќ, а ги сподели Шанса за Центар.
„Минувачите ќе треба да скокаат или да научат да летаат. Вакви промашувања се случуваат кога големите проекти, пред да почне да се работат, се кријат од јавноста“, напишаа од Шанса за Центар.