Бурек економија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше на теренска посета на увид на градежни активности во општина Гази Баба, каде што беше запрашан за коментар за тврдењата на Социјалдемократскиот сојуз дека ја зголемиле просечната плата.

Мицкоски истакна дека тоа се нивни кажувања, но реалноста е сосема друга и дека македонските граѓани имаат се помалку пари и се полошо живеат, истакнувајќи дека пред неколку години со помалку пари граѓаните поубаво живееле.

Како пример, Мицкоски ја зема цената на чинење на четвртина бурек со јогурт, посочувајќи дека пред неколку години можеше да се купи за 50 денари, додека сега истото чини 120 денари.

„Тие условно велат така, но исто така, добро е да ги потсетиме дека четврт бурек со јогурт пред неколку години беше 50 денари, сега е 120 денари. Македонија е убедливо меѓу врвните држави кога станува збор за криминалот и корупцијата, според просечната плата и пензија сме на дното, според степенот на мизерија сме, исто така, на врвот и така натаму. Нема ниту еден индикатор кој што оди во прилог на ова тврдење на СДСМ и ДУИ и поради тоа, за многу кратко време од денеска, народот ќе даде одговор на сите овие лажни пораки и на СДСМ и на ДУИ“, рече Мицкоски.

реклама

Словенечка верзија на слоевита штрудла со ореви

Read more

Ескорт дама открива што велат ултрабогатите зад затворени врати во Давос

Read more

Лазаров: Мора да е скриена камера кога никој не нè критикува

Read more

Малуда направи тотален пресврт, стана војник

Read more

#мкфејл

Камион на Комунална хигиена собра новогодишни сијалички во Центар

Read more

Зидан - Матераци од македонското Собрание

Read more

Богојески бара древните Феникијци да бидат ослободени од ропството на Хезболах

Read more

Соопштение на денот

Read more
 

Магазин

Словенечка верзија на слоевита штрудла со ореви

Читај повеќе

Ескорт дама открива што велат ултрабогатите зад затворени врати во Давос

Читај повеќе

Појавата на седа коса во 20-тите може да биде знак за сериозен недостаток на минерали

Читај повеќе

Хороскопски знаци кои не можат да функционираат како пар

Читај повеќе
  • filter

Објавена листата на десетте најубави супермодели во светот според златниот пресек

Читај повеќе

Четири хороскопски знаци во кои се раѓаат најголемите хипохондрици во Зодијакот

Читај повеќе

Како викањето на децата влијае на нивната иднина: Води до проблеми во зрелоста

Читај повеќе

Што сѐ треба да знаете пред да пуштите водоводџија во вашиот дом?

Читај повеќе

Зошто мачките толку многу сакаат картонски кутии?

Читај повеќе