Ако мислите дека премногу ретко имате секс, статистиката покажа нешто друго

Кога станува збор за сексуалниот живот на паровите, науката дојде до прецизни податоци за тоа колку во просек луѓето имаат секс.

Така на пример, просечна возрасна личност се впушта во сексуални односи околу 54 пати во текот на годината или еднаш месечно. Тоа се податоци од студија спроведена во 2017 година.

Друго истражување ги поврза честите односи со чувството на среќа. Во резултатите од таа студија стои дека паровите кои имаат интимни односи барем еднаш неделно се многу посреќни од паровите кои тоа го прават поретко. Истото истражување покажа дека повеќе секс од еднаш неделно не влијае на подобрување на расположението, па не сметајте дека сексот ќе ве направи посреќни.

„Паровите често прават грешки и сакаат да постигнат одреден број односи во текот на неделата или месецот за да се чувствуваат океј кога станува збор за нивниот сексуален живот“, смета секс терапевтот Рафи Билек.

Кога ќе се стави фокусот на бројките, ќе сфатите дека доста фактори влијаат на тоа колку често водите љубов. Тоа можат да бидат годините, стилот на живеење, здравјето и квалитетот на односот.

„Скоро во сите долготрајни врски одредено заситување се јавува по две или три години врска. Едноставно, во човечката природа е нешто да ни стане досадно и од тоа не треба да се срамите ниту тоа значи дека нешто не е во ред со вас“, истакнува д-р Брајан Џори, професор на Универзитетот Бери.

Трето истражување откри што се случува со сексуалните односи во зависност од годините. Луѓето помлади од 30 години водат љубов 112 пати во годината, но таа бројка се намалува на 86 пати кај луѓето на возраст меѓу 30 и 39 години. Бројката од 69 пати се однесува на оние на возраст од 40 до 49 години, а од прилика 52 пати во годината имаат секс паровите кои се над 50-годишна возраст.

„За некои, тоа заситување значи утеха и сигурност, други ситуацијата ќе ја доживеат како досада или сигнал дека не се со вистинскиот партнер и дека врската треба да ја прекинат“, додава тој.

За жал, може да се најдете во позиција кога двајцата немате исти желби. Секако, за тоа ќе разговарате, а никако не е пожелно да се споредувате со статистиката.

Експертите се сложни дека квалитетниот однос води до подобар сексуален живот, а не обратно.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе