ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2023

Ал Хилал не се откажува: Нови, побогати понуди за Осимхен и Верати

Богатиот саудиски клуб на се откажува од трансфер целите што си ги постави за ова лето, па достави нови побогати понуди за Виктор Осимхен и Марко Верати.

Наполи не сака да чуе да се раздели од својот голгетер, но ни Ал Хилал не се откажува, па директно на играчот му понудил пребогат договор со вкупна вредност од 200 милиони евра.

Како што пишува La Gazzetta dello Sport, не се знае дали лукративниот договор е по 50 милиони за секоја од четирите сезони, колкав што договор би добил Нигериецот, или е некаква друга комбинација (на пр. 40 милиони по сезона за 5-годишен договор). Но, информациите до кои дошол весникот со розеви страници велат дека сумата е 200 милиони.

Актуелниот италијански шампион стави цена од неверојатни 200 милиони евра за секој што сака да го купи нивниот голгетер. Имајќи го предвид фактот што претседател на клубот е Аурелио Де Лаурентис, човек со кој тешко се преговара, мошне веројатно е дека Саудијците ќе извисат.

Ал Хилал игра на повеќе страни. Сака да ја засили и средината, и тоа со доведувањето на италијанскиот репрезентативец Марко Верати, кој игра за богатиот ПСЖ.

Купувањето на Верати би требало да оди многу полесно отколку Осимхен. Прво, Верати веќе 11 години е во Париз, што е добра причина и двете страни да се на став дека е време за разделба. Второ, тој е многу поевтин од Осимхен, но проблем е што има уште три години договор со „Светците“ и поради тоа францускиот шампион има ас во ракавот - да бара повеќе отколку што вреди.

Првата понуда на Ал Хилал од 30 милиони евра беше експресно одбиена од ПСЖ. Во меѓувреме, италијанските и француските медиуми велат дека играчот ги договорил неговите барања со Ал Хилал, што значи дека останува само клубовите да се договорат.

Ал Хилал испрати нова понуда, повисока за 15 милиони евра. Но, ПСЖ и оваа понуда нема намера да ја прифати бидејќи 30-годишниот Италијанец го проценува на 70 милиони евра. Претходно и Ал Ахли го сакаше Верати, но се откажа поради нереалните барања на ПСЖ.

Газда на ПСЖ е катарскиот бизнисмен Насер Ал-Хелајфи, што ги разјаснува причините зошто франциускиот клуб не сака лесно да се договара со клубови од Саудиска Арабија, инаку политички ривал на Катар.

Од друга страна, ако Верати одлучил да си замине, а ПСЖ не му излезе во пресрет, ризикува да остане со уште еден незадоволен играч во тимот. Како што е познато, поради одбивањето да потпише нов договор и инсистирањето да си замине во Реал Мадрид, Килјан Мбапе моментално е исфрлен од тимот и не тренира со екипата, туку со резервите.

Ал Хилал летово навистина убаво се засили со Калиду Кулибали од Челси за 23 милиони евра, Рубен Невеш од Вулверхемптон за 55 милиони евра и Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио за 40 милиони евра.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе