Алонсо: Подобро е да се игра фудбал отколку да се биде тренер

Тренерот на Баер Леверкузен, Шаби Алонсо, изјави дека повеќе би сакал да игра фудбал отколку да води тим.

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн за 13 месеци го предводеше тимот од Леверкузен од зоната за испаѓање до врвот на табелата во Бундеслигата.

Баер по 11 кола е прв во поредокот со два бода повеќе од шампионот Баерн, овие два тима сѐ уште се без пораз во Бундеслигата. Алонсо со задоволство учествува на тренинзите, а неговите атрактивни додавања и вештини можат да се видат на социјалните мрежи.

„Подобро е кога играш“, рече Алонсо кога беше запрашан да ги спореди кариерите како играч и тренер.

Алонсо фигурира како еден од најсериозните кандидати за тренер на Реал Мадрид кога Карло Анчелоти ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, по истекот на неговиот договор.

Пред тоа, Алонсо ќе се обиде да го отстрани проклетството од клубот кој го нарекуваат уште и Неверкузен, бидејќи никогаш не ја освоил титулата, а пет пати беше вицешампион.

Исто така, клубот играше во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2001/2002 и остана без трофејот.

Како победник на Мундијалот 2010, две европски првенства (2008, 2012), две ЛШ и бројни титули во Англија, Германија и Шпанија, Алонсо во својата кариера освоил повеќе од клубот кој има 119-годишна историја.

Работата во Леверкузен е негова прва вистинска тренерска работа, претходно работеше во резервниот тим во Реал Сосиедад.

„Охрабрен сум да поставам свои критериуми на теренот, да донесувам независни одлуки и да работам на тој начин. Не се работи за тоа дека играчите се роботи, работата не е во тоа“, изјави 41-годишниот тренер.

Тој со децении работеше со многу големи тренери, како Пеп Гуардиола, Жозе Мурињо и Анчелоти, а инспирацијата ја црпи од нивните примери.

„Има одредени моменти кога размислувам – што се случи тој ден, во таа ситуација? И тие искуства ми помагаат да направам нешто, да размислувам и да пробам поинаков пристап. Сега тие искуства многу ми помагаат. Не сакам да зборувам за мојата работа како тренер со голем авторитет, бидејќи мислам дека го немам тој авторитет. Рано е за тоа, се трудам да ги слушам тренерите кои многу ги почитувам“, изјави Алонсо.

Шпанскиот тренер изјави дека жали што не соработувал со Јирген Клоп, кој постигна успех со Ливерпул.

„Би сакал Клоп да ме тренираше. Тоа што го направи за клубот е неверојатно“, додаде Алонсо.

Тој не сакаше да шпекулира за титулата во Бундеслигата.

„Свесни сме дека се создаваат очекувања, но не сакаме да бидеме дел од таа креација. Сакаме да бидеме дел од она што можеме да го направиме и да видиме колку добро или колку можеме да заслужиме да ја заработиме таа шанса“, рече Алонсо, чие име оригинално на баскиски се изговара Шаби, а често кај нас е погрешно претставуван со каталонската верзија Чаби.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Read more

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе