Америка парализирана: И брзата помош заглави во снегот, расте бројот на жртви

Во САД со денови беснее смртоносно зимско невреме, парализирајќи голем дел од земјата со температури под нулата и обилни снежни врнежи.

Во Бафало, Њујорк, напортите првенствено се фокусирани на спасување животи и расчистување на патиштата за да можат службите за итни случаи да стигнат до луѓето на кои им е потребна.

Најмалку 27 лица загинаа од ниските температури во државата Њујорк, од кои повеќето во Бафало, каде паднаа 110 сантиметри снег, придружен со силно невреме и особено тешки услови за возење за време на празничниот викенд.

Постарите ја споредуваат оваа бура со онаа во 1977 година кога во Бафало загинаа 23 лица. Сепак, началникот на округот Ири, Марк Полонкарц, предупредува дека овој е многу поопасен: „Страшно, 24/7“.

Снегот паѓаше толку многу, а видливоста беше толку слаба што дури и возила на итната помош и на службите за расчистување заглавија во снегот. Во Бафало овие денови едноставно имаше области низ кои беше невозможно да се помине. Од вчера условите се малку подобри, па ако ништо друго, спасувачките служби можат да стигнат до стотици луѓе кои се нашле во некаква неволја, изјави градоначалникот на тој град, Бајрон Браун.

Исто така, луѓето ги оставија возилата среде улица поради обилниот снег откако повеќе не можеа да се движат. Службите ги посетија автомобилите и куќите, проверувајќи дали сè е во ред. И додека екипите продолжуваат да ги откопуваат автомобилите заглавени и оставени во снегот, гувернерката Кети Хочул ја истакна важноста да се објавуваат знаци за забрана за возење во такви моменти.

Во Бафало и уште неколку места во државата Њујорк, забраната за возење ноќе сè уште е на сила.

„Имаме еден куп напуштени автомобили кои луѓето ги оставија среде невреме. Сè уште е опасно да се биде надвор“, рече Хочул. За жал, властите веруваат дека бројот на загинати ќе се зголеми, а локалниот шериф Џон Гарсија рече дека не биле во можност да одговорат на дури 420 повици.

И додека невремето доведе во опасност многу луѓе надвор, многу доживеаја несреќи и во нивните домови. Невремето предизвика прекин на електричната енергија, трафостаниците замрзнаа, а домовите немаа греење. Некои домови се без струја од петокот, а градоначалникот Браун рече дека, поради немањето греење, температурата во неговиот дом паднала на 4 степени, па морале да се греат со ќебиња.

URL

Забранети се патувања

Снежната бура погоди голем дел од САД и однесе најмалку 60 животи. Температурите паднаа на опасно ниски температури, а многу градови останаа покриени со дебели слоеви снег и мраз.

Покрај тоа, невремето предизвика откажување на повеќе од 5.000 летови низ земјата во петокот, повеќе од 3.400 во саботата и повеќе од 3.100 во неделата за време на шпицот на празничен викенд. Најмалку 3.800 летови беа откажани во понеделникот, но бројката може да биде и поголема.

URL

Меѓународниот аеродром Нијагара во Бафало останува затворен најмалку до среда, објавија оттаму на Twitter. Токму денес аеродромот во Питсбург одлучи да им испрати помош со опрема за да се расчисти сè за продолжување на летовите.

URL

Барање за прогласување вонредна состојба

Метеоролозите во државата Њујорк засега немаат добри прогнози. Температурите ќе се движат од -1°C во текот на денот и околу -3°C во текот на ноќта. Продавниците повторно се отвораат и се очекува сите да бидат отворени до крајот на денот.

Иако илјадници претходно спакувани оброци се подготвени да бидат поделени во банките за храна и кујните за бездомници, условите на патиштата сè уште не дозволуваат да се дели помош.

URL

„Ги имаме сите овие ресурси, но Мајката Природа буквално нè затвори и создаде ѕид што не можете да го заобиколите, кој не е безбеден ниту за возилата за итни случаи“, рече градоначалникот.

Гувернерот испрати барање до претседателот Џо Бајден да прогласи вонредна состојба за окрузите Ири и Џенезе бидејќи е „неопходно да се опорави од оваа историска бура“.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more
 

Вести

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе