Американците на нозе: Историски троен аксел на Нагасу
Американската лизгачка со јапонско потекло Мираи Нагасу изведе потег на Зимските Олимписки игри во Појнгчанг што ретко се гледа во женска конкуренција во овој спорт.
Нагасу во тимското натпреварување успешно го изведе еден од најтешките потези во овој спорт – троен аксел.
Таа е првата Американка која успеала да го направи ова на кои било ЗОИ, а е само трета лизгачка во историјата која воопшто успешно го извела.
За жал, нејзиниот троен аксел не беше доволен за повисока позиција и тимот на САД успеа да земе само бронзен медал во Пјонгчанг, каде првото место го зеде тимот на Канада, а второто Русија.