Американец казнет со 1,2 милијарди долари за објавување интимни фотографии од бившата

Маж од Тексас кој ја вознемирувал својата поранешна девојка на интернет и објавувал интимни фотографии од неа на социјалните мрежи мора да ѝ плати отштета од 1,2 милијарди долари, одлучи судот.

Жената пријавила дека нејзиното поранешно момче објавува интимни фотографии од неа на интернет без нејзина согласност. Ова се фотографии направени од камери во куќата во која живеела жената, а тој ги објавил на лажни профили на социјалните мрежи. Во објавите тој ги означил пријателите, семејството и работодавците на жената, пишува Guardian.

Отворил и веб-страница и преку неа објавил јавно достапни документи на Dropbox со фотографии. Покрај тоа, тој испраќал интимни фотографии од бившата по електронска пошта.

Мажот не се појавил во судот, не ангажирал адвокат, ниту се јавил на судските покани за судење. Адвокатите на жената побараа на нивната клиентка да ѝ биде исплатена отштета од 100 милиони долари. Тие за Washington Post изјавија дека полицијата не одговорила на повеќекратните пријави на жената за малтретирање од страна на нејзиното поранешно момче, што ја поттикнало да поднесе граѓанска тужба.

Од 2015 година, законот во Тексас го прогласи за кривично дело споделувањето интимен визуелен материјал без дозвола на лицето и со намера да му се наштети. Ова е познато како „одмаздничка порно“. Доколку сторителот на ваквото кривично дело биде прогласен за виновен на суд, може да биде казнет со затвор до една година и парична казна до 4.000 долари. Четириесет и осум американски држави имаат слични закони против одмаздничката порнографија, но не е јасно колку често се спроведуваат законите.

Во тужбата се наведува дека парот се разделил во 2021 година. Жената се вратила во округот Харис, кој го опфаќа Хјустон, за да живее со нејзината мајка. Нејзиното поранешно момче ги чувало информациите за најава за нејзината е-пошта и профилите на социјалните мрежи и добил пристап до системот за безбедносна камера на нејзината мајка. Така ги добил нејзините интимни фотографии.

Кога ги објавувал фотографиите на интернет, мажот ги означил пријателите и семејството, нејзиното работно место и теретаната. Адвокатите на жената изјавија за Washington Post дека вознемирувањето ја навело да размислува за самоубиство и дека ѝ било дијагностицирано ПТСН.

„Благодарни сме што поротата зазеде силен став против грозоморното однесување на обвинетиот и против злоупотребата базирана на фотографии“, рече адвокатот Бредфорд Гилд.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе