Анџелина Џоли и нејзината ќерка Шајло Џоли-Пит беа фотографирани на концерт на „Манескин“ што се одржа неодамна во Рим.
Актерката уживаше со својата шеснаесетгодишна ќерка, а многу корисници на социјалните мрежи се воодушевени од нејзиниот изглед.
„Процвета по разводот. Како повторно да ја гледам Анџелина од раните 2000-ти“, напиша еден корисник на Twitter.
„Таа е дефинитивно најубавата жена на светот“, гласи друг коментар.
Џоли (47) и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит имаат уште пет деца: Медокс Чиван (20), Пакс Тиен (18), Захара Марли (17) и близнаците Вивиен Маршелин и Нокс Леон (13).
„Моите деца меѓусебно се поддржуваат и многу си влијаат едни на други. Не преземам водство. Јас сум целосно искрена со нив без разлика на сè“, изјави Џоли минатата година во интервју за магазинот People.