Android 13 „Tiramisu“: Поголема контрола, повеќе јазици, различен изглед и подобра автономија

Android 12 не стигна ниту до премиум смартфоните, а тимот од форумот на XDA Developers доби шанса да си поигра со оперативниот систем Андроид 13 „Tiramisu“ и новостите што ги носи.

Вреди да се напомене и дека покрај оперативниот систем Android 12, наскоро може да го очекуваме и Android 12L, специјална верзија на Android 12 OS наменета за телефони со флексибилен и голем екран.

Android 13 дефинитивно не е оперативен систем кој може да очекувате да се појави наскоро. Ова се само слики од екранот од раната развојна верзија, но таквите работи се секогаш добредојдени за да можеме да ги видиме сите или барем дел од новостите кои новата верзија на оперативниот систем ќе ни ги донесе.

Remote video URL

Во основа, четирите клучни работи што ќе ги донесе Android 13 со себе се поставките за јазиците во апликациите, контролата на известувањата што ни ги испраќаат апликациите, TARE (нов систем за управување со уреди) и изгледот на часовникот на заклучениот екран.

Јазични поставки во апликациите

Од претходните верзии, Android нудеше опции за промена на јазикот, но тоа се применува универзално на целиот уред, без можност за контрола на јазикот за поединечни апликации, освен ако нивниот тим за развој не го имплементира. Ова значи дека треба да изберете еден јазик, иако не би сакале сите ваши апликации да бидат на него. Поточно, ако го форсирате македонскиот јазик на Android, се ќе се префрли на македонски, а некои апликации имаат несмасни преводи кои честопати се поконфузни од оригиналот. Од друга страна, ако вашиот Android е на англиски, некои локални апликации ќе бидат и на англиски јазик, иако би било многу подобро да се на македонски.

Промената на јазикот на тековните телефони со Android се врши во поставките: Settings, потоа System (General Management на телефоните Samsung), потоа Languages & Input, па Languages, или само Languages на Samsung телефоните.

Новата опција што ја донесе Android 13 се вика Panlingual и како што споменавме носи опции за поставување на јазикот по апликација. На овој начин, корисниците кои користат повеќе јазици ќе можат да го менуваат јазикот за секоја апликација посебно, особено за локални апликации. Оваа опција ќе се појави како нова опција App languages во делот Languages & Input кај поставките, но ќе биде достапна и преку App info на екранот.

Контрола на известувања

Секоја апликација што ја инсталирате на вашиот Android има можност да ви испраќа известувања. Како што се зголемува бројот на апликации на вашиот телефон, така се зголемува и бројот на известувања што ги добивате. Секоја апликација мисли дека е во ред да ве известува од време на време за нешто што мисли дека е важно, но кога имате 50 такви апликации, со барем едно известување секој ден, добивате дефиниција за нешто што се нарекува спам.

Новите верзии на оперативниот систем Android нудат опции како што се Важни известувања, Канали за известување или целосно исклучување. Повеќето корисници не ни знаат дека овие опции постојат, па затоа не ги користат, туку ги отстрануваат известувањата како што се појавуваат, ризикувајќи случајно да отстранат некои важни.

Google одлучи да го реши ова со Android 13 OS со додавање нова дозвола за известување, што ефективно ќе ги премести во категоријата опционални работи. Сега секој ќе може да избере дали да дозволи апликацијата да му испраќа известувања на сличен начин како да дозволува пристап до локација, камера или контакти.

Иако ова не изгледа како голема работа, дополнителното ниво на контрола врз кој било аспект од работењето на телефонот, особено над известувањата, секако може многу да го промени начинот на кој го користиме телефонот. И додека логиката на Apple оди во насока на намалување на контролата врз работата на вашите уреди, Android дефинитивно има поинаков пристап. Од друга страна, ова секако ќе влијае на развојните тимови, кои сега добро ќе размислат колку сакаат да ги спамираат корисниците сега кога имаат опција едноставно да ги блокираат.

TARE: Контрола над ресурси

TARE е кратенка за The Android Resource Economy, дел од оперативниот систем кој се фокусира првенствено на управувањето со енергијата на уредот.

Android Resource Credits е нова опција воведена од TARE која е практично валута која се поврзува со нивото на батеријата. Android ќе ги додели овие кредити на апликациите според нивото на батеријата, а апликациите потоа ќе можат да ги користат овие кредити за да „платат“ за можноста да направат нешто. Во суштина, Android ќе постави ограничувања за тоа колку задачи може да закаже апликацијата преку делот JobScheduler и AlarmManager од оперативниот систем, во зависност од нивото на батеријата и потребите на апликацијата.

Секако, ова е апстрактна и поедноставена верзија на она што ќе се случи и има големи шанси да има многу посложени алгоритми за доделување ресурси, но повеќе за тоа кога ќе биде објавена официјалната документација за Android 13.

Часовник на заклучен екран

Часовникот на заклучениот екран можеби не изгледа како исклучително важна работа, но Android 13 додава нови поставки кои можат да го променат изгледот на часовникот и известувањата. Ова е нешто што исто така беше достапно на поединечни интерфејси, а сега ќе се имплементира на системско ниво и во поставките на екранот.

Android 12 не дозволува известувања на заклучениот екран до часовникот, бидејќи кога ќе пристигне известување, часовникот се намалува и се поместива, враќајќи се на средина кога ќе се отстранат известувањата. Новите поставки овозможуваат поголема контрола врз известувањата и изгледот на часовникот - нешто што се шпекулираше дека ќе биде имплементирано и на оперативниот систем Android 12L.

Уште новости?

Ова се дефинитивно само дел од работите што можеме да ги очекуваме од новиот оперативен систем Android „Tiramisu“ 13, а како што одминува времето ќе испливаат на површина до официјалното претставување.

Тагови
реклама

Иран заплени два грчки танкери како одговор на американската акција

Read more

Најпознатата руска манекенка во провокативно издание прошета во Кан

Read more

Порошенко ставен на „црната листа“, се обиде да ја напушти Украина

Read more

Три начини како може да се заразите со мајмунски сипаници

Read more

Софтвер

WhatsApp работи на нова функција - незабележително напуштање група

Read more

Доаѓаат големи промени во iOS 16

Read more

Малвер во лажна надградба на Windows 11 краде кориснички лозинки

Read more

Android алатка за Windows 11 инсталира Trojan малвер

Read more
 

Гик

Голем интерес за младинскиот предизвик – Генерација без граници, пријавете се!

Читај повеќе

SpaceX го лансираше првиот „крипто сателит“

Читај повеќе

Научниците предвидуваат: Луѓето ќе слетаат на астероид во 2073, а на Јупитер во 2103 година

Читај повеќе

Како вулканските ерупции создаваат молњи?

Читај повеќе
  • play_arrow

ЕСА објави нови неверојатни слики од Сонцето

Читај повеќе

Twitter казнет со 150 милиони долари

Читај повеќе
  • filter

InSight Mars го испрати последното селфи од Црвената планета

Читај повеќе

Дали телефоните нè прислушуваат: Како знаат за што зборуваме и зошто добиваме реклами за тоа?

Читај повеќе

Универзумот се шири многу побрзо отколку што мислевме

Читај повеќе