Ангелов објави ново видео: Мечка со две мечиња за малку ќе настрадаа кај Маврови Анови

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, објави видео од мечка со две мечиња за кои вели дека за малку ќе настрадале на патот од Маврови Анови кон Дебар.

„Синоќа за малку ќе настрадаа мечка со две мечиња додека се движеа по магистралниот пат од Маврови Анови кон Дебар. Нештата изгледаат поинаку додека ги гледаме од безбедно на нашиот мобилен телефон. Блиските средби изгледале сосем поинаку. Барем така тврдат жителите на овие села, а јас немам причина да не се согласам со нив“, напиша Ангелов на социјалните мрежи.

Ангелов и пред два дена објави видео од мечка во селото Жировница.

„Вечерва низ тесните улички на селото Жировница… Проблемите и опасностите секогаш изгледаат поедноставно кога се гледаат од безбедна далечина на ТВ, лаптоп или мобилен телефон“, напиша Ангелов во описот на видеото, на кое се слуша како мештаните со викање се обидуваат да го оддалечат животното од селото.

Деновиве Општина Маврово и Ростуше поднесе барање до Владата за прогласување кризна состојба поради големиот број мечки кои, како што наведуваат од Општината, претставуваат опасност за животот и имотот на жителите.

Владата, потоа го разгледа Записникот од седницата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот на управување со кризи. Отстрел на заштитената кафеава мечка ќе нема. Се наведува дека во најкраток временски период треба да бидат отстранети сите помали и поголеми ѓубришта коишто се во непосредна близина на населените места, коишто претставуваат извор на привлекување на мечката; затворање со соодветна безбедносна метална ограда на сите места за одлагање комунален отпад; обезбедување посебни хранилишта за мечки надвор од населени места; обезбедување на имотите, посебно на местата каде што се чува добиток, пчели и друго, со стандардизирана опрема со електричен напон; успивање и дислоцирање мечки, во соработка со државни органи и научни институции; употреба на превентивни средства за заплашување и одвраќање, како и организирана употреба на средства за заплашување на мечките.

Кафеавата мечка во Македонија е забранета за лов и е строго заштитен вид.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе