Ангеловски и Пандев: Не се плашиме од Шпанија

Селекторот и капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски и Горан Пандев, во пресрет на  квалификацискиот натпревар со Шпанија вчера одржаа прес-конференција. Двајцата очекуваат дека Македонија ќе се престави во добро светло, бидејќи самото име на противникот е доволно за максимална мотивација.

Селекцијата која има две европски и една светска титула и која има пет победи во исто толку соочувања со Македонија, в недела гостува во Скопје. Шпанците се фаворити, тие се веројатно меѓу најдобрите четири светски селекции, но Македонија нема намера однапред да се предаде.

„Без разлика на тоа колку противникот е моќен очекувам моите фудбалери да го дадат најдоброто од себе. Мислам дека нема никаква потреба од дополнителна мотивација, доволно е името на противникот. Сметам дека сме подготвени да одговориме на овој предизвик“, рече селекторот Ангеловски.

Доза на оптимизам кај македонските фудбалери влева и изданието против Турција во пријателскиот натпревар, одигран во понеделникот. На тој меч единствено недостасуваа голови. Против Шпанија, која на своите противници не им дозволува да створат многу шанси, напаѓачите (Пандев и Несторовски) ќе мора максимално да ги користат.

„Се надевам дека ќе можеме да ги изненадиме преку контранападите. Нестор е во добра форма, тој е важен играч за нас, се надевам дека ќе постигне гол. Од другата страна најголема закана може да ни биде Давид Силва“, рече капитенот Пандев.

Дуелот ќе се одигра вечерва на „Телеком арена“ во Скопје со почеток во 20 часот и 45 минути.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Read more

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Read more

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе