Хакерската група Anonymous соопшти дека хакирала голем број печатачи во Русија и на тој начин ширела антивоена пропаганда.
„Два часа испраќаме инструкции до печатачите низ Русија да печатат антивоена пропаганда, а досега отпечативме повеќе од 100.000 примероци“, објавија Anonymous на Twitter, прикажувајќи скриншотови.
Во нивната антивоена пропаганда што ја испратија до печатачите низ Русија, меѓу другото, наведува дека Владимир Путин, Кремљ и руските медиуми лажат за инвазијата. Anonymous дадоа и упатства како да се заобиколи државната цензура и да се пристапи до прелистувач преку кој може да се пристапи до други медиуми, пишува Newsweek.
„Граѓани на Русија, запрете ги терористите“
„Граѓани на Русија, запрете ги терористите. Путин убива илјадници луѓе во Украина. Рускиот народ треба да ги види ужасите зад одлуките на Путин“, пишува во материјалот што Anonymous им го испратија на Русите.
Тие додадоа дека вистинските причини за војната се желбата на руската влада за територија и стравот од западното влијание и дека не била почната од Украина. Потоа ги повикаа Русите на акција.
„Пакување хартија и мастило е евтина цена за да се запре пролевањето на крвта на невините луѓе. Борете се за своето наследство и чест, соборете го корумпираниот систем на Путин кој краде од вашите џебови. Вратете ѝ го мирот и славата на Украина која не заслужила во неа да се убиваат невини луѓе!“