Анри би вовел четири нови правила во фудбалот

Поранешниот напаѓач на Арсенал, Барселона и француската репрезентација Тјери Анри, по завршувањето на кариерата започна да работи како аналитичар за телевизијата CBS.

Во нивното фудбалско шоу тој предложи четири правила кои според него ќе ја подобрат играта во целина. Фокусот е на зголемување на бројот на голови на натпреварите и на судиските грешки.

„Кога некој тим има поволен резултат и одбива да игра, ја исфрла топката надвор од игра, судијата треба да им даде слободен удар на противниците на 25 метри. Противничкиот тим може да избере од која позиција ќе шутира, се додека е во зоната од 25 метри. Мислам дека тоа би ги натерало екипите кои сакаат да украдат време да играат фудбал до крај“, предлага Анри.

Анри би вовел правило според кое на тимовите би им се доделувал уште еден поен доколку постигнат три или повеќе гола во натпреварите, без разлика на резултатот. На пример, Лестер и Фулам играат, а Лестер победува со 5:3. Лестер освојува четири бода, а Фулам еден затоа што постигна три гола.

Интересно е правилото кое би им овозможило на судиите јавно да се правдаат за некои свои грешки и да коментираат за некои одлуки.

„Ми пречи што судиите никогаш не објаснуваат зошто досудиле нешто, туку веднаш бегаат во соблекувалната. Понекогаш носат фантастични одлуки, понекогаш лоши. Би сакал да кажат нешто по натпреварот”, објасни Анри.

Легендарниот фудбалер предлага и привремени замени.

Ова правило би важело само доколку тимот е кратко време без играч поради медицински третман или некоја друга слична причина. Тогаш некој може привремено да дојде од клупата за да се избегне еден тим да игра со играч помалку.

Оваа идеја дури беше предложена и до раководството на Премиер лигата, но беше одбиена.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе