Апасиев: Талат Џафери е нашиот Че Гевара, од герила директно во Влада

Скопје, 21 август 2020 (МИА) – Собранието на Република Северна Македонија ја продолжи конститутивната седница сo претрес за предлогот за претседател на законодавниот дом повторно да биде избран Талат Џафери. Со 62 потписи на пратениците од СДСМ и Коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА, Џафери е предложен за уште еден четиригодишен мандат за претседател на Собранието. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица во дебатата се изјаснија дека ќе гласаат против предлогот, а пратениците од Алијанса на Албанците и Алтернатива најавија дека нема да присуствуваат на гласањето.

Пратениците во моментов се на едночасовна пауза, а седницата ќе продолжи во 16 часот.

Бројот на потписите собрани за предлогот на Џафери укажува дека во Собранието има мнозинство по договорот на лидерите на СДСМ и ДУИ за формирање на владина коалиција. Претседателот на Собранието се избира со 61 глас „за“.

Предлогот за претседател на Собранието го образложи пратеникот Изет Меџити од ДУИ, кој кажа дека во минатиот период Џафери ефикасно и успешно раководел со законодавниот дом, согласно законите и Уставот. Тој, според Меџити, успешно ги менаџирал сите процеси од надлежност на Собранието.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи предлогот Џафери да биде повторно претседател на Собранието. Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ своето обраќање го започна со коментар дека со 62 пратеници нема фукционалност и стабилна работа во парламентарниот дом и оти вакво Собрание нема „долго да биде“.

-Малиот број на пратенци не ни дава можност дека овој дом ќе биде фукционален и дека ќе работиме како што треба. Предлогот што го доставувате, нема да биде поддржан. Во делот од предлогот во прочитав една реченица дека Џафери во минатиот мандат успешно ги менаџирал сите процеси од надлежност на Собранието, рече Мицевски.

Тој се наврати на работењето на Собранието во претходниот мандат, кога претседател на Парламентот беше Талат Џафери, посочувајќи на злоупотреби на Деловникот, дека 40 отсто од законите биле донесени со скратена постапка, злоупотреба на уредбите, злоупотреба на европското знаменце и друго.

Јован Митревски од СДСМ реплицираше дека е точно оти од 800 – 300 биле донесени во скратена постапка, но дека 90 отсто од донесените по скратена постапка биле усогласување на со законот за прекршоци со кои се намалуваат казните за граѓаните.

Во однос на формирањето на владејачкото мнозинство,  Митревски рече дека тоа ќе трае цели четири години и оваа држава ќе оди напред, а претседател на Собранието ќе биде Талат Џафери.

Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на седницата побара доколку Џафери е предлог за претседател на Собранието, седницата да ја води некој од замениците.

-Процедурата е гаранција за демократија, претседавачот треба да се однесува како претседател, но со оглед на фактот што вие сте предложен за претседател, ќе треба да одредите некој од вашите заменици да ја води седницата, рече Силјановска. На ова Џафери рече дека седницата може да ја води додека трае претресот и дека во одреден момент ќе повика некој од замениците да претседава со седницата.

Пратеничката Силјановска рече дека Џафери е 19 години на функција, што според неa, е предолго. Политиката, како што кажа, не смее да биде занимање туку треба да следи по нешто што сте го направиле во животот. Потсети дека функцијата претседател на Собранието влегла во пазарењето меѓу коалициските партнери што е недозволиво. Исто така Силјановска рече дека во минатиот собраниски состав кога Џафери беше претседател на Собранието имало злоупотреба на европското знаме неколку пати беше, укажа на резултатите од референдумот што како што оцени бил неуспшен и уставната промена.

– Се случи уставните измени да ги брани министерот за надворешни работи, но овде седеа и двајца луѓе од кабинетот на премиерот. Многу други закони се носеа на ваков начин без дебата и затоа јас имам голема резерва кон староновиот претседатле на Собранието како чувар на Деловникот и процедурата, рече Силјановска, која потенцира дека не смее да има грубо кршење на Деловникот и оти мора да се држиме до процедурата.

Таа, сепак, позитивно го оцени потегот на Џафери кој ги потсети актуелните пратеници дел од владата дека со верификацијата на мандатите им престануваат функциите во Владата, но тие, како што кажа Силјановска, ревносно си ги вршат своите функции, спротивно на Уставот, Деловникот и Изборниот законик.

Скендер Реџепи, како претставник на Алијанса за Албанците и Алтернатива исто така кажа дека тие нема да гласаат за Џафери и дека дури и нема да присуствуваат на гласањето за него. Обвини за крадење на албанските гласови од страна на ДУИ и рече дека тие ќе продолжат со демократско делување.

Димитар Апасиев од Левица смета дека ова Собрание нема да трае подолго од две години. Според него ова мнозинство толку може да издржи. Двајцата пратеници од Левица ќе гласаат против предлогот Џафери да биде претседател на Собранието.

Апасиев рече дека Џафери бил подобар правник од претседателот Стево Пендаровски.

-Талат Џафери е нашиот Че Гевара, од герила директно во Влада. Му одржа службена утакмица на претседателот Пендаровски за толкување на Устав и затоа мора да му се честита. Прво рече не може да се свика распуштено Собрание, што е точно. Второ не е конституирано Собранието додека не се избере спикер и трето дека не може да се одложи самораспуштање на Собрание. За ова 3:0 службено мора да му се честита, рече Апасиев.

Пратеникот на Левица објасни и зошто нема да гласа за Џафери, забележувајќи му дека на конститутивната седница не прозборел ниту еден збор на македонски јазик, како почит кон македонскиот народ, и дека името секаде го пишува на латиница.

Деловникот за работа на Собранието го нарече „швајцарско сирење“ и остава простор за манипулација.

Пратениците од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно разменуваа обвинувања и потсетувања кој што кажал за време на изборите, а како сега се постапува и како работеле во минатите години.

Игор Јанушев и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото, потсетија на она што го кажувал лидерот на СДСМ Зоран Заев за ДУИ за време на изборната кампања дека ДУИ „не вреди пет пари“ и дека се бори само за власт и пари, додека за Владо Мисајловски денеска мафијата создава нова влада и држава, а ДУИ кажа дека владее „клановски“ без проекти.

Реплицирајќи му Дамјан Манчевски од СДСМ рече дека опозициската партија не би требало да го менува раководството, како што бараа денеска некои членови на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи според него „добро си ја врши работата“.

Костадин Костадинов од СДСМ смета дека ВМРО-ДПМНЕ не четири можеби осум години ќе биде опозиција затоа што нема единствен став за кое било прашање. 

„Сте против Северна Македонија, а да земате пари од Северна Македонија не ви смета“, рече Костадинов.

Седницата ќе продолжи во 16 часот, а најавени се обраќања на пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе