Apple смисли како да го ажурира софтверот кај неотпакуваните телефони

Зарем не би било одлично кога не би морале веднаш да ги ажурираме новите телефони? Apple, наводно, има решение.

Ажурирањата на оперативниот систем често се многу корисни - не само затоа што носат нови функции на нашите уреди, туку и затоа што често содржат безбедносни закрпи и поправки за системски грешки. Ова е особено точно за новолансирани уреди.

На пример, првите купувачи на новите iPhone телефони можеа веднаш да го ажурираат софтверот на верзијата iOS 17.0.1, а набргу по лансирањето и на верзијата 17.0.3, која требаше да ги коригира проблемите со прегревање.

Секако, би било идеално доколку не мораме да го правиме тоа, односно ако софтверот е веќе ажуриран првиот пат кога ќе го вклучиме и наместо да губиме време, веднаш би можеле да го користиме нашиот нов телефон. Токму ова може и да се оствари, бидејќи Apple наводно сака да ги ажурира своите телефони пред да ги продава, и тоа без да ја отвори кутијата.

Според познатиот аналитичар Марк Гурман, Apple смислил како да го надгради софтверот на неотпакуваните уреди. Станува збор за систем кој би користел специјални уреди кои би го вклучиле iPhone телефонот додека сѐ уште е во кутијата, ќе ја извршат надградбата и потоа ќе го исклучат уредот.

За жал, Гурман не соопшти повеќе детали затоа за каков уред поточно станува збор, но според информациите до кои дошол, овој систем би можел да профункционира пред крајот на оваа 2023 година.

Тагови
реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Ало Скопје, критично е!

Read more

Рускиот нафтен гигант на Путин го презема најголемото наоѓалиште на ретки минерали

Read more

Почна сезоната на Близнаци: 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени

Read more

Мобилни

Типстер откри како ќе изгледа Xiaomi 16

Read more

Каде најчесто грешиме кога го чистиме телефонот?

Read more

Qualcomm го претстави Snapdragon 7 Gen 4: AI и гејминг моќ за телефони од средна класа

Read more

Најдобрите Android телефони за 2025

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботот Optimus покажа нови вештини: Фрла ѓубре во корпа, чисти и усисува

Читај повеќе

Xbox Game Pass Retro Classics нуди повеќе од 50 олдскул игрици

Читај повеќе

Типстер откри како ќе изгледа Xiaomi 16

Читај повеќе

Каде најчесто грешиме кога го чистиме телефонот?

Читај повеќе

Што подобруваат двете нови функции на Viber?

Читај повеќе

Counter Strike скинови од вредат повеќе од акции, злато и биткоини

Читај повеќе

Разбивање митови: Кислородот на Земјата доаѓа од океаните, не од дрвјата

Читај повеќе

Google воведува AI режим: Пребарувањето би можело да изгледа како разговор со експерт

Читај повеќе

Huawei го претстави супертенкиот лаптоп MateBook Fold

Читај повеќе