Аргентинци го одбраа хипотетичкиот состав на Југославија

Вечната тема за репрезентациајта на Југославија, која веќе три децении не постои, оживеа и пред Мундијалот во Катар.

Не постои големо натпреварување, а пред истото да не се постави хипотетичкото прашање за тоа како би изгледала репрезентацијата на Југославија, па тоа е случај и сега на неколку дена пред почетокот на Мундијалот во Катар.

Овој пат одговор на ова комплицирано прашање се обидоа да дадат новинари од Аргентина, поточно од порталот TyC Sports кој направи попис на играчите од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово и Македонија.

Новинарите од далечната Аргентина малку и погрешиле во изборот бирејќи вклучиле и некои играчи кои повеќе не се репрезентативци. Така, во југословенскиот дрес повик му упатиле на Немања Матиќ, кој по неуспешните квалификации за ЕУРО 2020 се пензионираше од репрезентацијата на Србија. Повик доби и одамна пензионираната единица на Словенија, Самир Хандановиќ, сезонава резерва и на клупски план.

Аргентинците не бираа најдобри 11, што е навистина и тешко да се одбере, туку составија проширен список од фудбалери кои конкурираат за првата постава. Одбраа дури 37 играчи од кои за на Светско би требало да се селектираат 23. На списокот има и тројца наши репрезентативци. Напоменаа дека според нив сигурни стартери би требало да се деветмина: Облак, Савиќ, Гвардиол, Врсаљко, Колашинац, Модриќ, Брозовиќ, Милинковиќ-Савиќ и Влаховиќ, оставајќи простор за уште двајца.

Голмани:
Јан Облак - Словенија
Самир Хандановиќ - Словенија
Предраг Рајковиќ - Србија
Марко Дмитровиќ - Србија
Асмир Беговиќ - Босна и Херцеговина
Столе Димитриевски - Македонија

Одбрана:
Стефан Савиќ - Црна Гора
Јошко Гвардиол - Хрватска
Сеад Колашинац - Босна и Херцеговина
Шиме Врсаљко - Хрватска
Никола Миленковиќ - Србија
Никола Максимовиќ - Србија
Дејан Ловрен - Хрватска
Адам Марушиќ - Црна Гора
Езѓан Алиоски - Македонија
Амир Рахмани - Косово

Средина:
Лука Модриќ - Хрватска
Марцело Брозовиќ - Хрватска
Сергеј Милинковиќ-Савиќ - Србија
Филип Костиќ - Србија
Иван Илиќ - Србија
Немања Матиќ - Србија
Миралем Пјаниќ - Босна и Херцеговина
Елиф Елмас - Македонија
Иван Перишиќ - Хрватска
Матео Ковачиќ - Хрватска
Иван Ракитиќ - Хрватска

Напад:
Душан Влаховиќ - Србија
Душан Тадиќ - Србија
Александар Митровиќ - Србија
Лука Јовиќ - Србија
Андреј Крамариќ - Хрватска
Анте Ребиќ - Хрватска
Стеван Јоветиќ - Црна Гора
Бенјамин Шешко - Словенија
Един Џеко - Босна и Херцеговина
Един Вишча - Босна и Херцеговина

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе