Аргентинците излегоа на улица, 44,7% од нив живеат под прагот на сиромаштија

Макфакс
/ 21.12.2023 / 08:17

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Буенос Аирес да протестираат против владините мерки за штедење, што се сметаше за прв вистински тест за новоизбраниот претседател на Аргентина, Хавиер Милеи.

Демонстрантите се движеа кон главниот плоштад, Пласа де Мајо, историско собирно место пред претседателската палата, барајќи поголема финансиска поддршка за сиромашните.

Милеи ја презеде функцијата претходно овој месец со ветување дека ќе ја намали јавната потрошувачка и најави опсежни економски реформи и девалвација на националната валута за 54%.

Ги скрати државните субвенции за гориво и превоз, а намален е и државниот апарат. Бројот на министерства е преполовен од 18 на 9, со образложение дека тоа е неопходно за да се реши акутната аргентинска економска криза.

Милеи, исто така, ја најави ориентацијата на надворешната политика на Аргентина кон САД и Израел, како и оддалечување од Кина и левичарските регионални партнери.

Според проценките на Католичкиот универзитет во Аргентина, 44,7% од населението живее под прагот на сиромаштија, а без државните социјални програми тоа би било 50%.

Remote video URL

Полицијата ги насочи демонстрантите подалеку од коловозот за да може да се одвива патниот сообраќај.

„Ова е мирна мобилизација. Не сакаме никаков вид конфронтација. Не сакаме никаков конфликт“, изјави за локалното радио Едуардо Белибони, водач на левичарската протестна група Поло Обреро, кој прв повика на протести.

Протестот се одржа во средата, откако новиот министер за безбедност минатата недела го обелодени „протоколот“ за одржување на јавниот ред кој им овозможува на безбедносните сили да интервенираат.

Владата издаде и предупредување дека луѓето кои ги блокираат улиците може да го загубат правото на државни бенефиции.

Remote video URL
Тагови
реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Свет

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more
 

Вести

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе