УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2023/2024

Арнаутовиќ сруши неславен рекорд во Лигата на шампионите

Марко Арнаутовиќ ѝ даде гол на Бенфика синоќа во 53. минута и тој удар предизвика лавина на Интер на гостувањето во Португалија бидејќи од 3:0 негатива „Нераѕурите“ направија 3:3, но тој гол за Австриецот не е како било кој друг.

Не поради начинот на кој го постигна, бидејќи така често се тресат противничките мрежи ширум фудбалските терени, туку поради фактот што со него собори еден неславен рекорд во елитниот европски фудбал.

Имено, тоа беше првата искористена шанса за Австриецот во Лигата на шампионите по точно 4.740 дена голгетерски пост за напаѓачот роден пред 34 години.

Последен пат кога поранешниот шпиц на Болоња, Вест Хем, Твенте, Стоук... погоди во европската елита беше во 2010 година кога беше стрелец во дресот на Вердер. Интересно, токму тој гол за Вердер Арнаутовиќ го постигна против Интер кога тимот од Бремен победи со 3:0 на 7 декември 2010 во последното коло од групната фаза. Австриецот стрелаше за 2:0 во 49. минута во пировата победа на последнопласираниот Вердер. А, претходната сезона играше за Интер како позајмен од Твенте.

URL

Од  тој 7 декември 2010 до 29 ноември 2023 поминаа точно 12 години, 11 месеци и 20 дена, или во самно денови 4.740. 

Бројките се тие, поминаа точно 4.740 дена помеѓу двата гола, но треба да се има предвид и олеснителната околност за Арнаутовиќ, а тоа е фактот што освен таа сезона за Вердер всушност и не играше во Лигата на шампионите сѐ до враќањето во Интер летоска, 13 години подоцна.

Remote video URL
реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе