Арсовска: Скопје ќе биде украсен и за тоа за многу помалку пари од претходно

По обвинувањата дека само македонската престолнина сѐ уште не е украсена за претстојните новогодишни празници, градоначалничката Данела Арсовска се јави со свое објаснување за ситуацијата.

„Не ја разбирам потребата, веројатно во недостаток на останати аргументи, и оваа година во истиот период како на тајмер партиските војници да констатираат дека 'Скопје е тажно' и дека 'Скопје нема да се накити' за време на новогодишните празници“.

„Секоја година истите луѓе се демантирани. Не од нас, туку од граѓаните кои се фотографираат со новогодишните украси во градот. За загрижените, да информираме дека градот Скопје и оваа година ќе биде украсен, но за драстично пониска сума од она што досега секоја година се трошело на украсување на градот преку сомнителни набавки“.

„Некој треба да одговори како трошел по фирмички за китење годишно помеѓу 90.000 и 245.000 евра за украсување, пари на граѓаните кои завршувале во приватни џебови, а сега градот се кити за 30.000 евра.
Минатата година, во време на најголемата глобална економска и енергетска криза, градот беше накитен без дополнителни трошоци, а средствата предвидени за китење, но и трошоците кои порано се правеле за ручеци и пиење по кафани, беа наменети за ранливите категории на граѓани“.

Градоначалничката напомена дека „украсувањето е започнато, а како и секоја година, главниот град ќе блесне со новогодишна магија на 15-ти декември“.

реклама

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Македонија

Уникатното охридско кајче претставено на Меѓународниот саем за наутика во Белград

Read more

Од полноќ нови цени на горивата - поскапуваат

Read more

Во сабота по втор пат ќе се одржи еко-настан VIVAX чистка на Водно

Read more

Неколку скопски општини денеска без струја

Read more
 

Вести

Кривични пријави против двајца пензионери од МВР

Читај повеќе

Германија: Сакаме да станеме 'рбет на одбраната на Европа

Читај повеќе
  • filter

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Читај повеќе

Португалците ја објавија причината за прекинот на струја

Читај повеќе

Today It’s All About Jazz по деветти пат во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопски поетски фестивал покажува колку ни е потребна поезијата

Читај повеќе

Казни до 5.000 евра: Словенија забрани ароматизирани електронски цигари

Читај повеќе

Уникатното охридско кајче претставено на Меѓународниот саем за наутика во Белград

Читај повеќе

Путин најавува четиридневно примирје за Денот на победата над фашизмот

Читај повеќе